„Изборот за претседател ќе се сведе на двајца кандидати. Или ќе биде Гордана или Стево. Тој дуел веќе сме го гледале, само што се актерите во меѓувреме постари 5 години. За тие 5 години видовме кој е Стево Пендаровски, јас лично не кријам дека за оваа функција за која се кандидира е супериорен во однос на Гордана Силјановска. Меѓутоа заради партиската поддршка која што ја има Силјановска, се влегува во еден напнат натпревар особено во вториот круг,“рече новинарот Сашо Орданоски во поткастот Политиканти на Слободен печат.
На прашањето упатено до гостинот на поткастот, вицепремиерот Бојан Маричиќ, за тоа дали и како може претседателот на државата да влијае на процесот со ЕУ, Маричиќ одговори потврдно.
„Може да ги земеме двајцата претседатели Радев и Пендаровски, и каква улога имаше Радев кога дојде до заострување на работите, со оглед на тоа шт тој ја контролираше владата. Имаше периоди кога исклучиво претседателот Радев диктираше темпо и тоа имаше сериозни последици,“ истакна Маричиќ.
Тој додаде дека клучно е тонот и политичкиот правец кој ќе го дава претседателот во идниот 5 годишен период.