ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Целосно ги укинавме квотите за лековите на рецепти, пензионерите не мора да трчаат во аптека и чекаат редови

April 10, 2024 15:16
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, д-р Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“.

На средбата со пензионерите, д-р Филипче потсети на досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ за подигнување на стандардот на пензионерите. Тој рече дека и во новата програма ниту пензионерите, ниту останатите социјално ранливи категории не се изоставени и истата предвидува низа мерки за унапредување на квалитетот на животот на пензионерите. Филипче потсети и на мерките кои ги реализирал тој како министер од кои пензионерите имале директен бенефит.

„Целосно ги укинавме квотите за лековите на рецепти. Не така одамна беа времињата кога се трчаше од први до петти во месецот за да се земат лековите коишто после тоа се трошеа и немаше веќе лекови на рецепт. Целосно ја укинавме партиципација за пензионерите коишто имаат потпросечен пензија, а сега во новата програма ја укинуваме за буквално сите пациенти. Значи секој кој што оди на доктор од сега па натаму во следниот наш мандат нема да плаќа повеќе партиција од 20%“ – рече Филипче.

Тој истакна дека должност на помладите генерации е да се грижат за повозрасните и како министер возрасните секогаш му биле приоритет.

„Се грижиме за тие што се грижеа за нас и затоа сакам да ви порачам на сите пензионери овде во Радовиш, но и пошироко, дека гарантираме зголемување на минималната пензија до 20.000 денари и просечна пензија до 30.000 денари, како и усогласување на пензиите секој јануари и јуни“, објасни Филипче.

Тој додаде дека покрај зголемувањето на редовните месечни пензионерски примања, пензионерите ќе добијат и дополнителни 6 илјади денари како новогодишен пакет на крајот на секоја година.

Tags: пензионериФилипче
Next Post

Белгискиот крал Филип: ЕУ ќе продолжи со целосен ангажман во процесот на проширување

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk