Kако што кампањата за претседателските избори влегува во втората недела, така се засилуваат активностите на кандидатите и нивните изборни ветувања на средби со граѓаните, но повоочливи се и меѓусебните препукувања на противкандидатите. И денеска продолжуваат со своите изборни активности во различни населени места во државава.
Во текот на денов кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендровски ќе ги посети општините Дојран, Богданци, Валандово, каде на средби со граѓани ќе ја претстави својата програма, додека централниот митинг ќе се одржи вечер во Гевгелија.
Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира својата платформа пред граѓаните во Долнени, Македонски Брод и Кичево.
Максим Димитриевски, претседателски кандидат na Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, пак, најави дека ќе даде изјава за медумите, а од неговиот Изборен штаб соопштија дека средби со граѓани за денеска не се планирани.
Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Гази Баба, на плоштадот во скопската населба Автокоманда, како и на митинг во Куманово, додека кандидатот на ДУИ Бујар Османи најави активности во Радовиш и Штип.