ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масивен руски ракетен напад: На Украина итно ѝ се потребни дополнителни системи Патриот

Нападот беше извршен со цел да се нанесе најголема штета на цивилите. Украина во моментов е единствената земја во светот која речиси секојдневно е напаѓана со балистички ракети. Затоа, тука мора да бидат стационирани системи Патриот!!!, објави украинската амбаадорка во земјава, Лариса Дир на Твитер.

April 11, 2024 16:00
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Фото:  X

Фото: X

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на САД во Украина, Бриџит Бринк, на социјалната мрежа Х изјави дека на Украина и е потребна поголема воздушна одбрана и помош од сојузниците поради уште еден руски напад врз земјата, пренесува Укринформ.

Поточно, Бринк истакна дека од 04:15 часот има воздушна тревога низ Украина и земјата е под закана од беспилотни летала и проектили.

„Покрај нападите врз инфраструктурата на Украина, минатиот месец од овие напади беа убиени 600 цивили. Сега е потребна поголема воздушна одбрана и нашата помош“, напиша Бринк.

Предходно, министерот за енергетика Херман Халушченко рече дека руската армија ја нападнала енергетската инфраструктура во регионите Харкив, Запорижја, Лвив и Кијив ноќта на 11 април.

рф изврши удар со ракети од различен тип. Нападот беше извршен со цел да се нанесе најголема штета на цивилите. Украина во моментов е единствената земја во светот која речиси секојдневно е напаѓана со балистички ракети. Затоа, тука мора да бидат стационирани системи Patriot!!!, објави украинската амбаадорка во земјава, Лариса Дир во твитот на 778 ден од целосната руска агресија врз Украина.

778. рф изврши удар со ракети од различен тип.
Нападот беше извршен со цел да се нанесе најголема штета на цивилите.
🇺🇦во моментов е единствената земја во светот која речиси секојдневно е напаѓана со балистички ракети. Затоа, тука мора да бидат стационирани системи Patriot!!! pic.twitter.com/WqMqeScajE

— Larysa Dir (@dir_larysa) April 11, 2024

Дипломатските преговори со партнерите, за време на кои Украина побара од нив да и обезбедат дополнителни системи Патриот, не вродија со плод дури ни во услови на повторени напади на балистички ракети од Русија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за The Washington Post, пренесува Укринформ.

„Убавата и тивка дипломатија не функционираше“, рече Кулеба.

Кијив ги доби своите први батерии Патриот минатото лето, но трите што ги има сега не се доволни за да ја одбрани целата земја од зголеменото воздушно бомбардирање на Русија. Така, во воената влада која на секој нејзин врвен функционер му дава задача да лобира кај западните сојузници за повеќе оружје, претседателот Володимир Зеленски делегираше специфична патека за Кулеба – да ги убеди земјите со резервни патриоти да ги пренесат.

Кулеба постојано нагласува дека тој и Украина се благодарни за безбедносната помош што многу земји веќе ја обезбедија, но тој исто така почна јавно да изнесува фрустрации за границите на нивната континуирана поддршка.

Шефот на украинската дипломатија истакна неговиот тим идентификувал повеќе од 100 достапни Патриот системи – некои соседни земји имаат повеќе од една батерија што чува пристаниште или аеродром, рече тој. Зеленски рече дека на Украина и се потребни 26 за да создаде целосен воздушен штит над Украина, но Кулеба првично е фокусиран на тоа да добие седум што е можно побрзо.

За време на неодамнешниот состанок во Брисел по повод 75-годишнината на НАТО, Кулеба остро им се обрати на присутните:

„Жал ми е што ја расипам роденденската забава, но кој може да верува дека најмоќниот воен сојуз во светот не може да најде седум батерии Патриот за да им обезбеди на единствената земја во светот која секојдневно се бори со балистички напади?“

Сепак, Кулеба не престана да лобира кај Американците да испратат некои од нивните системи Патриот.

Повторувајќи дека е благодарен за оружјето што веќе го снабдува Вашингтон, Кулеба праша:

„Дали искрено верувате дека целата американска армија нема една резервна батерија патриоти која не е на борбена должност и која не може да и се даде на Украина? Јас не.”

Тој истакна дека е убеден дека Украина на крајот ќе добие повеќе Патриот системи, но дека одложувањата ги чинат Украинците загубени животи.

Во последниве недели, Русија ги зголеми нападите врз критичната украинска инфраструктура, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои градови, вклучувајќи го и Харкив. Кијив ги фокусира своите барања за поголема противвоздушна одбрана на „Патриот“, бидејќи тоа е единственото оружје што може да пресретне и уништи руски хиперсонични балистички ракети, како што е Кинжал.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: критична инфраструктураруски ракетен терорсистеми „Патриот“цивилни жртви

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk