Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?
Ненад Стевовиќ, главен и одговорен уредник во „Или-Или“, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Градот да биде чист како кога ни дојде папата!
„Верувам дека Скопје има капацитети да биде добар домаќин 2028. Имаме одлични културни работници кои и досега докажале дека умеат да организираат квалитетни и атрактивни културни манифестации само треба да се оставаат да ги осмислат и спроведат замислите без мешање од политиката. За градот би посакал да биде чист како кога ни дојде папата, но таков и да остане, и да го потсредиме сообраќајот што реално, нема да биде лесна работа“, вели Стевовиќ.
Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.
Поврзано:
За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола