Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Само втор ден е од кампањата за парламентарните избори, а станува многу интересно.
Мицкоски вели дека сака да биде обединувачот и како прва иницијатива во таа насока објави мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ. Тоа е директен повик на Мицкоски да му се приклучат партиите на Максим Димитриевски и на Димитар Апасиев во евентуално ново парламентарно мнозинство после изборите во мај.
На Мицкоски најверојатно слабо му излегува есапот, чим ги бара напомош Максим и Апасиев.
По сè изгледа на Мицкоски нит со фингираните анкети на Влајко не му успеа да крене силна еуфорија и да ги мотивира десничарите и националистите да гласаат за ДПМНЕ, па му прпа. Башка тоа што деновиве беше обелоденето дека анкетите се партиски нарачки, па мораше техничкиот министер на Мицкоски да му монтира брутални апсења и кривични пријави на новинарот Фуркан за да го елиминираат срамот.
Тепаниот пак од вмровците на 27 април, сега кумановски градоначалник Максим Димитриевски, кој новиот мандат му го должи на Мицкоски и гласачите на ДПМНЕ, вели дека ја поздравува идејата за обединување, но вели дека тоа е негова идеја.
Просто жално е да се гледа како „силен“ Максим и пребеганите незадоволни сменети функционерчиња од СДСМ одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ, но дојде време Мицкоски да си ги наплати сметките од Максим од локалните избори, а овој треба да испорача.
Не знам каков му е есапот на радикалниот десно-левичар Апсиев, ама за разлика од „силниот Максим“, овој Апасиев, по се барем што ‘ржеше досега, нема така лесно да си ја продаде политичката кожичка, иако се фемка со финтици во неговиот последен фејсбук статус како одговор на повикот на Мицкоски за мораториум.
Како се ближи денот на Изборите, ептен очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се пресиса со еуфоријата.
По сè изгледа ќе има многу сеир – живи били па видели.