ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Имате ли претстава што нè чека после изборите?

April 28, 2024 16:57
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Имате ли претстава драги мои „неутралци“ што нè чека после изборите ако резултатот биде онаков како што беше после првиот круг од претседателските?

Е, ако немате, само едно најпресно примерче.

Десетина питомци од новата генерација полицајци на свечен дел – построени, ептен спонтано, нели, кога се појавил министерот Тошковски, кој патем уште е само технички, почнале да му ја пеат „Бисер балкански… сплоти Пирин Егеј…“.

МВРО се враќа на јавна сцена. И тоа, онака – дагау, без заобиколување.

Химни во училиштата има да ечат што македонски што албански. Ќе ги униформираат националистички децата да се мразат.

Ќе си поделат територии и интереси како што тоа го правеа пред 2017 година.

Има да се билда беспоштедно национализмот тука. Нема да се поштедат ни деца, ни ученици, ни младинци.

Мора јако да се удри!

После изборите ќе почнат секојдневно да се осветуваат крстови и минириња. Како ониe денеска „македонски“ крстoви во Зрновци и Драчево, каде заедно со поповите беше и Мицкоски се разбира. Не дека ним им е грижа за религијата и вербата на граѓаните, туку од чиста прагма, да злоупотребат што им се дало.

Борбата ќе биде кој повисок крст или минаре ќе изгради.

Тоа ќе биде најважно, а не Едно општество за сите. Тоа е илузија, ве лажат комуњарите.

Потоа ќе се вратат тие немили национал -шовинистички сцени од минатото – ќе почнат средношколци да се тепаат по автобуси…

И сето тоа драги мои ќе ви биде грдо. И ќе се чудите како е можно.

А виновни, се разбира(?), нема да ви бидат конкретните актери, туку неспособните од СДСМ.

Слично како што сега ви е виновен „арогантниот“ Шилегов што во Скопје ја имате од Мицкоски насадената Данела што си ја изгласавте со огромно мнозинство.

Не, вмрото не ви е виновно, никогаш!

Ќе почнат притисоци кај сите што ќе се осмелат јавно да си кажат нешто против вмровците.

Па ќе фрчат инспекции што ќе ги задушат неистомислениците, пред сè медиумите што ќе говорат против власта. Синдикатите ќе се зајармат и ќе бидат едно со власта. Ако на некого му текне да прави протест, одма ќе се направи контрапротест. За време на избори има да се вадат за уши еден по еден…

Нешто што сте заборавиле дека може да биде, а беше само до пред седум години. Прашајте го Кежаровски и неговите дали заборавиле.

Потоа ќе почнете да шепотите од страв.

Прво ќе шепотите на Фејсбук, ќе ви е страв да им спомнете име на вмровските главешини што локални што министерски и премиерски, па потоа ќе почнете да шепотите и по слави и родендени.
Ќе ви фуфка.

Ќе ми пишувате – аман пишете за ова… не се нормални овие.

И така…

Што ќе ви вратам не знам, но мислам дека претпоставувате.

П.с. Многу ќе се радувам ако ВМРО ги изгласаат уставните измени одма после изборите. Тоа е многу можно сценарио ако сакаат да прават влада. А сакаат корнат.

Да, оние уставни измени со кои ве влечкаа по митинзи да не си го продавате идентитетот на клетите Бугари. Да, тој „Бугарски диктат“ што ве маткаа дека нема да помине, ќе го аминуваат како ништо да не било.

Знаете што ќе ви кажат, а вие ќе лапнете?

Ќе ви кажат дека се избориле диктатот да не е диктат. Ќе ви кажат дека комуњарите ги оставиле во небрано, дека правеле напори ама толку се можело. Тие мениците што ги потпишуваа дека нема да гласаат уставни измени, има да ги поплукаат.

Ќе ги поплукате и вие, да ми верувате на зборот.

Ајт!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: избориЈане Ѓорѓиоски
Next Post

Павле Трајанов реизбран за претседател на Демократски сојуз

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk