ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН ЗДРАВ ЖИВОТ

Листа со здрави намирници доколку сакате да ослабите без да држите диета

May 1, 2024 17:32
in LIFESTYLE, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Свесни сте дека некои работи од вашето дневно мени морате да ги пречкртате доколку сакате да ослабнете. Но дали знаевте дека преку консумирањето на одредени намирници можете да согорите калории? Нутриционистката Џес Кординг за списанието Woman’s health споделува листа со најдобрите намирници за согорување калории. Проверете за кои намирници станува збор во продолжение.

Пилешко и мисиркино месо

Протеините во пилешкото и мисиркиното месо ќе ви дадат долготрајно чувство на ситост. Покрај тоа, тие се одличен извор на триптофан, поврзан со производството на невротансмитерот серотонин.

„Ако сте под стрес важно е да го зголемите производството на серотонин во вашето тело за да го намалите емоционалното прејадување и да го спречите јадењето поради стрес, особено кога се обидувате да ослабнете“, вели Кординг.

Јаткасти плодови

Тие се доста калорични така што е сосема доволна мала количина. Кординг додава и дека некои од нив, особено оревите, се богати со омега-3 масни киселини кои имаат антивоспалително дејство.

Јајца

Уште еден богат извор на протеини и здрави масти кој ќе ви помогне да ја одржувате мускулната маса додека согорувате масти. Со оглед на тоа што едно јајце содржи околу 70 калории, тоа е одличен избор при слабеење, а исто така содржи и колин, соединение кое ја подобрува функцијата на мозокот.

Млеко, јогурт и сирење

Млекото содржи голема количина на калциум и животински протеини.

„Иако ќе внесете повеќе калории, сепак подолго време ќе бидете најадени“, вели Кординг.

Дури и се препорачува консумирање на полномаслено млеко, богато со витамини Д и А. Дополнително, пробиотиците од јогуртот помагаат за воспоставување рамнотежа во системот за варење и го зајакнуваат имунитетот.

Бобинки

Бидејќи се полни со влакна, бобинките ќе ви помогнат да ја намалите желбата за храна. На пример, во една шака бобинки има помалку калории (околу 84) и повеќе влакна (3,6 g) отколку во една банана. Освен тоа, бобинките имаат антиинфламаторно дејство и се полни со антиоксиданси кои го штитат вашиот имунитет.

Авокадо

„Авокадото е одлична комбинација од монозаситени масти и влакна, кои помагаат да се чувствувате сити“, изјавува Кординг.

Исто така, авокадото е добар извор на калиум кој го спречува задржувањето на водата во телото. Ќе ви биде доволно половина авокадо со тост или со јајца затоа што е прилично калорично.

Риба

Лосос, туна и скуша се најдобриот избор кои ќе ви помогнат долго време да останете сити. Лососот е богат со омега-3 масни киселини кои помагаат при согорување на маснотиите.

Грејпфрут

Богат извор на влакна, грејпфрутот помага при регулирањето на шеќерот во крвта. Се работи за нискокалорично овошје кое можете да го консумирате како ужинка без страв дека ќе се здебелите. Полн е и со витамин Ц и бета каротин кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Лути пиперки

Капсаицинот е состојка во пиперките што ги прави лути. Истражувањата покажале дека оваа состојка помага при слабеење бидејќи го забрзуваат метаболизмот. Според Кординг, лутите пиперки не можат во голема мера да ви помогнат да согорувате маснотии, но можат да му помогнат на вашиот метаболизам во процесот на слабеење.

Темнозелен лиснат зеленчук

Овој вид на зеленчук е богат со железо што го стимулира протокот на кислород низ вашето тело. Покрај тоа, темнозелениот лиснат зеленчук содржи супстанции кои го помагаат варењето на храната и го забрзуваат метаболизмот.

Tags: диетаздрава хранаСовети
Next Post

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk