Портпаролот на изборниот штаб на Европскиот фронт, Арбер Адеми, во изјава за медиумите истакна дека завршниот митинг за парламентарните избори на Европскиот фронт ќе се одржи на 5 мај 2024 година на плоштадот “Илирија”во Тетово, со почеток во 20:00 часот.
Претходно и „Европски фронт“ и коалицијата „ВЛЕН“ најавија завршни митинзи на предизборната кампања за парламентарните избори, на ист ден ( 6 мај), на плоштадот „Илирија“ во Тетово, што предизвика судир помеѓу двете спротивставени коалиции.
По пресметките на социјалните мрежи меѓу овие две коалиции, ВЛЕН денеска објави дека тие први побарале дозвола за митинг на плоштадот Илирија во Тетово, а не Европскиот фронт, како што претходно објавија од таму.
Во овие документи може да се види дека од ВЛЕН доставиле барање на 11 април за овој митинг, додека Европскиот фронт на 12 април.