ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ум во главата кога гласаш

May 2, 2024 13:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Трајче Кацаров (фото извор: ФБ профил на Авторот)

Трајче Кацаров (фото извор: ФБ профил на Авторот)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ТРАЈЧЕ КАЦАРОВ

Ако  го знаеме исходот од гласањето нема да ни дадат да гласаме. Така некако рекол Марк Твен. Големиот творец и интелектуалец  Д. Наневски во своите „Елиптики“ напишал: „За човекот да ги нарече шумите шуми требало долго време да слуша како шумат.“ Марк Твен не ја истресол сентенцата од ракав. Сигурно му требало долго време да набљудува, да слуша, па, да заклучи.

Заклучил и тоа за сите времиња.

Гласот значи формално изразување на поединецот  за и против гласачко прашање. Во демократските општества секој човек, ако не е спречен од возраста и душевните недостатоци, може формално да се изрази по однос гласачко прашање.

Она на што не наведува сентенцата на Марк Твен, не е кој може да гласа, туку кој дава, или не ни дава да гласаме, односно кој влијае на формалното изразување на поединецот.

Ако не е возраста и душевната состојба, тогаш кој е?

Некои религиозни ставови изнесени преку верските доминации не дозволуваат на своите верници да учествуваат во политиката преку гласање, други пак  гласањето го сметаат како религиоизна обврска. Политичките партии не помалку влијаат на слобадата на формалното изразување по одредените гласачки прашања.

И религиозните доминации и партиските ја користат истата метода. Методата на застрашување. Едните ја користат господовата лутина, другите, пак, онаа на партијата. И во двата случаја правото на поединецот за формално изразување за гласачките прашања е под принуда.  Ако не гласаш, всушност ако не гласаш како што треба господ ќе те казни, односно, партијата ќе те испегла така да ни родената мајка не ќе може да те препознае.

Излегува дека оној кој гласа под принуда, гласа за своето подобро утре, за просперитетот на  фамилијата, поточно за проспоритетот на своето потомство. Гласот даден за просперитетот на партијата-државата, е глас даден за пренос на заробеното право на формално изразување на потомството.

Никогаш ослободување од потчинетоста, од послушноста. Слепата верба издиктирана од потребата за конфорен живот е она што не му дава на  човештвото да се истави од маѓепсаниот  круг.

Едно од златните правила на животот е: „ Паметен човек го кажува тоа што го знае, умен тоа што треба.“ Гласањето не е за паметни луѓе .

Уште од дете знам дека само на умните деца Дедо Мраз им донесува подарок. Вреќата за подароци не се отвора за паметните, туку само за умните. Родителите ги советуваат  децата да собираат ум во главата и многу, многу да не паметуваат.

Биди умен и многу, многу не паметувај ако сакаш да дојдеш до добро образование, ако сакаш добро да се запослиш, ако сакаш да направиш кариера, што научна, што партиска. Биди умен ако сакаш да бидеш функционер. Биди умен крадец, криминалец, ако сакаш да не скапуваш во зандани.

Се сеќавам пред десетина и повеќе години, случајно се сретнав со еден од кандидатите за висока државничка функција. Професијата не еднаш ни подавала пријатни теми за разговор. Го поканив на кафе муабет. Ми рече дека брза – мора да оди на средба со гласачите во градот од каде е родум. „Одлично“ му реков, „баш би сакал да слушнам што ќе им кажеш на гласачите.“ На заминување  низ насмевка рече дека нема да оди да им дава памет, туку ум.

И отиде да умува.

Така од година на година сè повеќе се потврдува златното правило при гласањето.

Ум во главата кога гласаш!


Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Набљудувачите од „Ромите за демократија“ се жалат дека имале закани на избирачките места, бараат поголема безбедност на претстојните избори

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk