Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
На свечена церемонија во германскиот Бундестаг, на 4 јули, на Џабир Дерала ќе му биде врачена наградата Солидарност за новинари од Југоисточна Европа за 2024 година.
Не е исклучено дека истиот ден или некој ден порано или подоцна ќе му бидат врачени и неколку осудителни пресуди по тужбите на Мицкоски и други душевно чувствителни бездушници.
Иронијата на судбината понекогаш е окрутна кон бедните по дух и луѓето кои мислат дека се силни и дека можат да ги тероризираат луѓето, ретките слободни новинари, посебно.
Тркалото се врти, правдата што домашните контролори на новинарските летови можат да ја навиваат како детска играчка што ќе урива личности, паѓа и бидува карикирана и исмејана пред погледот и правдата на слободниот свет.
Му честитам на Џабир и на неговата екипа која сигурно има свој удел во оваа исклучително признание и во продолжение го пренесувам почетокот од официјалното соопштение во кое не би сменил или додал ниту едно зборче.
Дури мислам дека и моите додатоци од почетокот на овој текст се елегантно содржани. Истовремено изразувам задоволство од нашата долгогодишна соработка.
„Наградата им оддава почит на храбрите новинари од нашите партнерски земји кои се изложуваат на големи лични ризици поради критичкото известување. Со тоа се оддава признание на нивната извонредна работа и признание на нивниот придонес кон поголемата демократија, владеењето на правото и слободата на медиумите во регионот….”