ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик

May 5, 2024 18:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ

15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик

  1. 1 август 2017 година – На македонски јазик и на бугарски јазик е потпишан Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугрија.
  2. 17 јуни 2018 година – Македонскиот јазик е потврден и признаен и од Република Грција, во рамки на Договорот од Преспа потпишан меѓу двете држави.
  3. 22 јануари 2019 година – Заврши реконструкцијата на родната куќа (спомен дом) на основоположникот на современиот македонски јазик, граматика и правопис, Блаже Конески во селото Небрегово, во општина Долнени.
  4. 14 февруари 2019 година – Македонскиот јазик е потврден како официјален во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации.
  5. 15 април 2019 година – на 130 седница на Владата, 5 Мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик. Тоа е денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
  6. 7 декември 2019 – Владата и НУБ “Климент Охридски”, во очи патрониот празник на Универзитетската билбиотека објавија бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик на www.pravopis.mk
  7. 27 март 2020 година – Република Северна Македонија стана 30 земја-членка на НАТО со македонскиот јазик како единствен службен јазик за меѓународна употреба
  8. 5 мај 2021 – Владата ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.
  9. 19 декември 2021 година – Со серија активности во текот на целата година беше одбележана 100-годишнината од раѓањето на големиот македонист Блаже Конески
  10. 18 јули 2022 година – Македонскиот јазик добива дополнителна верификација од страна на Советот на Европската Унија, со усвојувањето на преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ – во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија.
  11. 19 март 2023 година – Македонскиот јазик доби потврда во Грција, откако судот во Лерин одлучи дека Центарот за македонски јазик во овој град е законски регистрирана невладина организација. Основниот суд во Лерин ги одби сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран во ноември 2022 година.
  12. 1 август 2023 година – Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Подоцна резолуцијата беше усвоена во државите Мичиген и Илиноис.
  13. 5 декември 2023 година – Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата.
  14. Свечено отвoрање на лекторат по македонски јазик, литература и култура (на ниво на бесплатен курс) во Тирана
  15. 26 јануари 2024 година – Собранието ги усвои измените на Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.

Честит Велигден. Честит 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Нека е вековит.

Tags: македонски јазик
Next Post
Фото: ПСВ

ПСВ ја освои титулата во холандскиот шампионат

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk