ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Портпаролката на руското МНР, Захарова, неформална шефица на неколку македонски портали за ширење руска пропаганда

May 7, 2024 14:02
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

УСЛОВ НА ЗАХАРОВА ЗА „МИРОВНАТА ФОРМУЛА“ Западот да престане да испорачува оружје за Украина; ЗАХАРОВА СЕ ЗАКАНИЛА НА БРИТАНИЈА: „Запомнете дека имаме нуклеарно оружје“; Захарова: Авторите на резолуцијата за Сребреница да го повлечат тој документ; ЗАХАРОВА: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда; РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА – „Ве очекуваат катастрофални последици“… ова се насловите кои последнава недела ги окупираа страниците на неколку македонски медиуми, повеќето докажани поддржувачи на политиката на Путин и на руската агресија врз Украина.

Во улога на измеќари на руските пропагандисти, овие медиуми некритички ги пренесуваат соопштенијата на руското МНР и отворените закани на неговата портпаролка, Марија Захарова со нуклеарно оружје кон Британија, и со разорувачки одмазднички удар врз западните сојузници доколку го поддржат нападот (за деокупација) на Крим, при тоа заборавајќи дека Северна Македонија е членка на западната Алијанса, и меѓу оние држави кој ја поддржуваат и помагаат Украина во нејзината праведна борба за ослободување од рускиот окупатор.

Антизападните соопштенија и закани од страна на руските пропагандисти и функционери кои зачестија особено по одобрувањето на пакетот странска помош во висина од 60 милијарди долари од САД за Украина и британските најавати за испраќање на ракети со долг дострел за украинската одбрана, наидоа на некритичко пренесување во македонскиот интернет простор од страна на посочените проруски медиуми.

Во пренесените текстови, извршителите на нарачките од руските нарачатели, никаде не спомнуваат дека нападот на Крим, е всушност украински обид за ослободување на привремено окупираниот полуостров Крим, кој руските агресори го окупираа (анектираа) во 2014 година, и дејствијата кои ги презема Украинската војска во таа насока се нејзино легитимно право за деокупација на својата територија.

Исто така, при пренесувањето здраво за готово, како апсолутна вистина на руските тврдења и закани за доставувањето и употребата на западното оружје за одбрана на Украина, при што се занемарува фактот дека Русија, во терористичките напади врз украинските градови и цивилната инфраструктура користи оружје од иранско, северно корејско производство и кинеска технологија.

Дополнителни, овие македонски медиуми, во трката кој ќе пренесе повеќе и побомбастични соопштенија од руското МНР, забораваат дека истото тоа МНР, министерот и портпаролката ја прогласија Северна Македонија како непријателска држава, легитимна цел на евентуална руска одмазда.

Најчесто, веќе традиционално, како што многупати досега нотираше Мониторинг тимот на Цивил, вестите кои се создадени во руските пропагандни кујни се преземени од српски портали.

Исто така, во содејство со српските колеги по русофилство, со копипејстирање на содржини во кои се глорифицира улогата на Русија во одбрана на српството преку негирање на геноцидот и резолуцијата за Сребреница, одат во спротивна насока со македонските ставови како коспонзори на резолуција во ОН.

Следејќи ги објавите на овие медиуми, се добива впечаток како Северна Македонија да е некоја зафрлена покраина во Руската Федерација и дека нивна (неформална) шефица е портпаролката на руското МНР, Захарова, а не суверена држава, членка на НАТО и кандидат за преговори за членство во ЕУ, што е всушност и целта на руската пропаганда.

Извор: Цивил Медиа

Next Post
Астронаутите на Polaris Dawn ги покажаа новите вселенски одела за пешачење. Фото: Поларис програма

Како ќе изгледаат новите вселенски одела на SpaceX за приватните вселенски прошетки?

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk