ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ слави двојна победа, Мицкоски уверен дека ќе состави влада во најкус рок

May 9, 2024 00:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По првичните резултати од вториот круг на претседателските и парламентарните избори, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ се собраа на плоштадот „Македонија” во Скопје да ја прослават победата на нивниот претседателски кандидат –  Гордана Сиљановска — Давкова, но и победничките резултати од парламентарните избори.

Приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ првично ја прославуваа победата пред седиштето на партијата, палатата „Христо Татарчев“, по што продолжија со славење на плоштадот „Македонија” каде се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека за брзо време ќе започнат преговори со партиите од опозицијата за формирање коалиција и кажа дека е уверен дека ќе формираат Влада во најкус можен рок и дека процесот ќе биде транспарентен.

– Во напредна фаза сме и во разговори за силен инвестициски пакет кој ќе ја помогне економијата. Ова не сакав да го соопштувам пред кампањата за да не се исполитизира истото, но очекувајте уште во првите 100 дена многу добри вести за граѓаните и македонската економија, дополни тој.

На вечерашната прес конференција во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потенцираше дека вечерва се поразени, како што рече, „криминалот, корупцијата и неспособноста“.

– Поразени се и предавствата, поделбите, тие стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи. Нив денеска ги боли главата, има и зошто. Ќе одговараат до последниот. Секој кој направил криминал и спровел корупција мора да има одговорност која што ќе се темели на правда и закони, рече Мицкоски, дополнувајќи дека е победен и бојкотот на ДУИ.

Според него, народот покажал дека нема да дозволи поединци да создаваат кризи и преку институции да се штитат себеси.

– Народот ја одржа најважната лекција и си ја спаси државата. Оваа генерација ја има неповторливата можност да создаде ново поглавје во кое Македонија ќе биде горда и Македонија ќе биде ваша и ќе има иднина која што ќе се темели на вредности и надеж. Ќе ја вратиме надежта и вечерва имаме причина за славење, рече тој.

Тој нагласи дека ќе го даде, како што рече, и последниот атом од неговите сили да ги исполни сите ветувања кои ги дал и да не го разочара народот.

– И вечерва се сум горд на народот кој застана на патот на поделбите. Вечерва се покажа дека нема Македонија на ДУИ, нема Македонија на СДСМ, нема Македонија ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак Македонија на која било политичка партија. Нема лева или десна, источна или западна, има само една, единствена и вечна независна слободна Македонија, рече Мицкоски.

Toj се заблагодари на гласачите, на оние кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а и на оние кои воопшто не гласале.

–  Сите вие ја имате мојата почит и треба заедно и обединето да направиме повеќе за сопствената иднина, иднината на вашите семејства и нашата Македонија, рече тој.

На членството и идните функционери кои ќе доаѓаат од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ им порача никогаш да не го заборават народот.

Во врска со неофицијалната победа на нивната кандидатка за претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова, Мицкоски рече дека верува дека таа ќе го врати достоинството на Македонија,

– Ова е двојна победа. Коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ застанаа и добија претседател, тоа е професорката Гордана Сиљановска Давкова. Нејзината цел ќе биде да го врати достоинството и Македонија да биде повторно горда. Верувам во тоа. Ја познавам и сигурен сум дека повторно Македонија заедно со Гордана Сиљановска Давкова како претседател ќе биде горда. Верувам во нејзините капацитети и знам дека со доблест и решителност ќе служи на народот и на татковината, рече тој.

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска — Давкова, според објавените резултати на Државната изборна комисија по преброени 95 отсто од гласачките ливчиња, Сиљановска Давкова освоила 524.658 гласови (65,04%), а нејзиниот противкандидат Сево Пендаровски од СДСМ 236.222 гласови (29.29%).

Според првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени над 90 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 390.345 (43,09%) или 59 мандати во новиот 120 член собраниски состав.

Next Post

Мицкоски во првото обраќање по изборната победа се закани: Стотина луѓе од ДУИ и СДСМ кои мислеа дека се господари на нашите животи ги боли главата – и има зошто – ќе одговараат до последниот

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk