ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Дводневно заседание на Советот за образование, млади, култура и спорт на ЕУ

May 13, 2024 09:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите од земјите членки на ЕУ задолжени за ресорите образование, млади, култура и спорт денеска и утре ќе се сретнат во Брисел за да разговараат за низа теми, меѓу кои и за младинските политики, примената и влијанието на вештачката интелигенција во образованието и културата, состојбата на медиумскиот систем во Унијата и планот за развој на спортот.

Заседанието на Советот за образование, млади, култура и спорт ќе започне со средба на министрите задолжени за млади на која треба да бидат одобрени заклучоците за плановите за развој на инклузивни општества за младите луѓе, за европските и меѓународните политички агенди за децата, младите и за правата на децата, како и за резултатите од Европската година на младите 2022. Предвидено е министрите да дебатираат и резултатите од Младинската конференција на ЕУ одржана на почетокот на март во белгискиот град Гент.

Советот продолжува попладне со средба на министрите задолжени за образование, кои се очекува да усвојат препорака на Советот на ЕУ за можности за мобилно учење за сите. Предвидено е тие да дебатираат за примената за вештачката интелигенција во образованието и обуките и да усвојат заклучоци за промоција на политика и пракса за нејзина примена врз основа на докази.

Заседанието продолжува утре се теми поврзани со културата и аудиовизуелните прашања. Во овој дел се очекува министрите задолжени за култура да усвојат заклучоци за зголеменото влијание врз медиумскиот систем и за начините за зајакнување на културните и креативни сектори во ЕУ. Предвидено е тие, исто така, да дебатираат за политиките за заштита на културните и креативните сектори во ерата на вештачката интелигенција.

Министрите задолжени за спорт, пак, се очекува да усвојат резолуција за Работниот план на ЕУ за спорт, како и заклучоци за поддршка на активни и здрави животни стилови. Дводневното заседание на Советот ќе заврши со дебата за улогата на волонтерите во европскиот спорт.

Во рамки на заседанието, на покана на претседателот на регионалната Влада и министер за култура, надворешна политика и развојна соработка на Фландрија, Јан Јамбон, европските министри задолжени за култура вечер ќе присуствуваат на работна вечера во Антверпен, на која ќе разговараат за заклучоците од конференцијата „Единство во различноста? Културата, наследството и идентитетот во Европа“, одржана во април во овој белгиски град, пред се во насока на улогата и придонесот на културата и наследството во изградбата на европскиот идентитет.

Next Post

Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk