ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прегласувањето во Тетово, Охрид и Крушево: „Европски фронт“ ќе се жали до Управниот суд, ВЛЕН објавија примери за прекршување на Изборниот законик

May 14, 2024 15:03
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Европски фронт“ ќе се жали до Управниот суд на одлуката на Државната изборна комисија за прегласување на избирачките места 2102 во општина Желино – Тетово, 1272 во општина Охрид, 1194 и 1202 во Крушево.

Од Европскиот фронт сметат дека ова е политички обид на македонските партии и албанската опозиција да ги земат мандатите на „Европскиот фронт“.

– Апелираме до институциите да постапат согласно законот без да прифаќаат притисоци од политичките партии, а ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да следи затоа што повторно се инсталира заробената држава и етничко надгласување. Медиумите, граѓаните, политичките партии, меѓународната заедница, Брисел и Вашингтон, сите мора да се соочиме со ова враќање на антидемократскиот систем кој произведува меѓународни, соседски, етнички, политички и социјални кризи, изјави Елми Азири од „Европскиот фронт“.

Од Европскиот фронт нагласуваат дека овие дејствија се кривични дела и дека ќе се преземат сите неопходни мерки и ќе се користат сите демократски форми за заштита на слободниот глас на граѓаните.

Тој нагласи дека, со надгласување како во времето на монизмот во ДИК, донесена е одлука за прегласување на некои избирачки места во 5-та и 6-та ИЕ, токму на избирачките места каде победници се партиите кои се жалат.

Од друга страна претставници на коалицијата „Вреди“ објавија примери за прекршување на Изборниот законик во шестата изборна единица. Портпаролот на Движење Беса, Фатмир Сабриу, во име на коалицијата образложи дека тоа го темели на прифаќањето на приговорите од страна на Државната изборна комисија.

– Со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата „Вреди“ поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во избирачко место 0387 Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт, истакна Фатмир Сабриу.

Според Сабриу, Европски фронт ја искривил волјата на граѓаните.

– Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владеењето, незаконски ја нарушил и искривил волјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Липково и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отворање на кутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат, истакна Сабриу.

Тој на крајот рече дека Албанците на 8 мај ја добиле слободата и денес дишат слободно.

– ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција. Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат, ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата, посочи Фатмир Сабриу.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНевропски фронтПрегласувањеУправен суд
Next Post
Фото: Pete Linforth/Pixabay

Археолози открија мистериозна подземна „аномалија“ во близина на пирамидите во Гиза

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk