ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прегласувањето во Тетово, Охрид и Крушево им ги мати „математиките“ на ДУИ и Али Ахмети?

May 14, 2024 11:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) го поништи гласањето по приговор од Коалицијата „Вреди“ на избирачкото место 2102 во општина Желино – Тетово. По поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДИК го поништи гласањето на избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево.

Резултатите од евентуалното прегласување, доколку одлуката на ДИК ја потврди Управниот суд, откако коалицијата „Европски фронт“ најави жалби, може да влијаат на распределбата на мандатите на пратениците во ИЕ 5 и во ИЕ 6.

Според проекциите, од прегласувањето во ИЕ број 6, еден мандат од коалицијата „Европски фронт“ може да оди кај коалицијата ВЛЕН, додека во петтата ИЕ, од коалицијата „Европски фронт“ еден мандат може да оди кај Коалицијата „За европска иднина предводена од СДСМ или Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите политички партии кои имаат приговори или ја оспоруваат одлуката на ДИК за прегласување на овие избирачки места во ИЕ 5 и 6, во рок од 24 часа од приемот на оваа одлука, можат да се жалат до Управниот суд. Доколку има такви жалби, управниот суд мора да одлучи по нив во рок од 48 часа и да донесе конечна одлука дали ќе има прегласување.

Од ДИК за „Фронтлајн“ велат дека треба да почекаме за да видиме дали ќе има прегласување, бидејќи има рок и за жалби на одлуката на ДИК до Управниот суд.

– Доколку Судот ја потврди одлуката на ДИК, тогаш има прегласување. Резултатите од евентуалното прегласување може да влијаат на распределбата на мандатите во ИЕ 5 и во ИЕ 6. За еден мандат се разговара кој може да премине од еден во друг субјект и во ИЕ 5 и во 6, вели за „Фронтлајн “, Адмир Шабани – портпарол на ДИК.

По одлуката на ДИК реагираше Европскиот фронт кој ја оцени како неправедна и тенденциозна. Скендер Реџепи порача дека нема да се дозволи да се промени легитимитетот на Албанците.

Од коалицијата ВЛЕН очекуваат по прегласувањето на избирачкото место 2102 во општина Желино – Тетово да добијат уште еден пратенички мандат во ИЕ 6, па така од 13 колку имаат според првичната распределба нивната пратеничка група во наредниот собраниски состав може да има 14 пратеници. ДИК сите приговорот ги усвои со еден глас против. „Против“ гласаше потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Според првичните официјални резултати за парламентарните избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Дестан Јонузи

Tags: ДИКПрегласување
Next Post

Љубовта не е брутална?

Shortcut

Најново

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk