ТРИЧКОВСКИ
Не сакам да се мешам во работата на вмро, но чувствувам обврска да предупредам дека без решение на проблемот со предавниците, Македонија не може да оди напред.
Според моите стручни проценки, во државата има околу 500.000 отворени, прикриени, пребегнати и други подвидови предавници кои не и сакаат добро на Македонија и работат против националните и државните интереси на нашата мила Татковина. Ако ги сметаме со се фамилиите можеби нивниот број ќе се искачи на милион.
Дел од тие скотови сами ќе избегаат пред триумфалната победа на вмро која секој ден станува се потриумфална.
Како онаа будала Тричковски кој избега во Санта Марта во Колумбија!
Наркоманиште старо комуњарско.
Друг еден дел јас би ги напикал во работни логори со концентрационен формат, лајк Матхаузен, да поминат на работа за Македонија и на сопствено превоспитување и национално освестување, по десет-дваесет години.
Трета група од стотина илјади мора да завршат в затвор.
Во “Идризово” и во други затвори што ќе мора да се изградат.
И, конечно, стотина илјади мора да бидат ликвидирани.
Стрелани.
Или на друг начин уништени.
Најопасните, најактивните, најперфидните.
Сакам да кажам дека тие 500.000, односно милион души со се децата и старците, треба да се исчистат како што се чисти малиген тумор од мозокот.
Да не остане ниту една единствена клетка.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK