Лауреат за МТФ Денови на комедија Куманово 2024 е актерот Сашко Коцев. Ваквата одлука ја донесе Советот на Фестивалот Денови на комедија Куманово во состав на: Сашо Тодоровски, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски, објави НУЦК Трајко Прокопиев Куманово на својот фејсбук-профил.
Наградата „Васил Иљоски“ му е доделена на Сашко Коцев за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата.
Наградата на Коцев ќе му биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2024 кон крајот на септември во НУЦК Трајко Прокопиев Куманово