Објавена е комплетната Програма на театарскиот фестивал 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп.
Претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар од Скопје ќе го отвори 58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Добитници на наградата за животно дело се актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов. Наградата ќе им биде врачена на отворањето на Фестивалот, соопшти уметничката директорка Ана Стојаноска.
На свеченото затворање ќе се доделат годинешните награди, по што следи Концерт на „Добрила и Дориан дуо“.
Единаесет претстави на професионалните македонски театри се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата.
Покрај претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар, во конкуренцијата се и „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, на народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, во продукција на Албански театар од Скопје, „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во продукција на ЦК „Антон Панов“ од Струмица.
Исто така, во конкуренција се и „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, на Ц.К. „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, во продукција на Македонскиот народен театар, „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, на Турски театар од Скопје, „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани на народниот театар од Битола, „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија и претставата „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, а во продукција на Театар за деца и младинци од Скопје.
Годинава, автор во фокусот е Горан Стефановски и еден фестивалски ден ќе му биде комплетно посветен на големиот македонски драмски писател.
-И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. За селекцијата, одгледав 50-тина претстави. Видов многу убави претстави, но голем дел се камерни, за помала сцена. Сме направиле некој исчекор за домашниот драмски автор, рече уметничката директорка Ана Стојаноска.
И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав на д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.
Фестивалот нуди богата придружна програма во која се и 7 претстави, ќе има промоции и секојдневно разговори на тркалезната маса за одгледаните претстави. Ќе бидат одржани пет работилници.
Годинава МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува под мотото „Промени се, промени сѐ“.
Програма на 58. МТФ „Војдан Чернодрински” – Прилеп
7.6.2024 (петок)
17:00 | Фестивалски зони
Скомрахи
19:00 | Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп Изложба – Горан Стефановски и книгите
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“
Свечено отворање на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
ХЕДА ГАБЛЕР
ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ
8.6.2024 (сабота)
10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор”)
11:00 | Кино „Мис Стон“ СТАПИЦА – Горан Стефановски Актерска школа „Весна Петрушевска”
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
17:00 |Фестивалски зони Скомрахи
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“ ИВАНОВ
НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР – СКОПЈЕ
9.6.2024 (недела)
ДЕН НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ
10:00 | Кино „Мис Стон“ ЧЕРНОДРИНСКИ ЗА ДЕЦА
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков” (фоаје) Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
13:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Презентација на фондацијата „Горан Стефановски” – УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје
Презентација на наградата „Горан Стефановски” – Драмски театар Скопје
14:00 | НУЦК „Марко Цепенков” (фоаје) Самоглас – аудиодрами на Горан Стефановски
17:00 | Фестивалски зони Скомрахи
18:30 | НУЦК „Марко Цепенков“ Филм за Горан Стефановски
УКИМ Факултет за драмски уметности Скопје
20:00 | НУЦК „Марко Цепенков” ЦРНА ДУПКА
НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ СТРУМИЦА
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински” ДИПЛОМСКА ПРЕТСТАВА: ЦРНА ДУПКА
УКИМ ФАКУЛТЕТ ЗА ДРАМСКИ УМЕТНОСТИ – СКОПЈЕ
10.6.2024 (понеделник)
10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор”)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на наградените драми од „Еуродрам“
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
17:00 Фестивалски зони Скомрахи
Театроск (поддржано од „Пакомак“)
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков“ НА ДНОТО
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР, БИТОЛА
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински“ ДОМОТ НА КУКЛАТА
НУ ТУРСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ
23:59 | Кафе-бар „Тротоар”
поол
МКЦ И ХИБРИД
11.6.2024 (вторник)
10:00 | Саат-кулата Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор”)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
17:00 | Фестивалски зони Скомрахи
Театроск (поддржано од „Пакомак”)
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков” АЛО! АЛО!4
НУ ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“, СКОПЈЕ
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински”
ДУПЛО ДНО
НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“, ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“, ПРИЛЕП
23:59 | НУЦК „Марко Цепенков“ (105)
КЕНДИ
ТЕАТАР „ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ”
12.6.2024 (среда)
10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков” (фоаје) Разговори на тркалезна маса
17:00 | Фестивалски зони Скомрахи
Театроск (поддржано од „Пакомак“)
17:00 | Театар „Војдан Чернодрински” ФРАНКЕНШТАЈН
НУ ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СКОПЈЕ
18:15 | Театар „Војдан Чернодрински“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
19:30 | НУЦК „Марко Цепенков” ЕДВАРД ВТОРИ
НУ „ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ ЏИНОТ” – ВЕЛЕС
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински”
ДЕМОНОТ ОД ДЕБАР МААЛО
НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „АЦО ШОПОВ“ – ШТИП
13.6.2024 (четврток)
10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
11:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Промоции на театарска и театролошка литература
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков” (фоаје) Разговори на тркалезна маса
17:00 | Фестивалски зони Скомрахи
Театроск (поддржано од „Пакомак“)
17:00 | НУЦК „Марко Цепенков” ДИВО МЕСО
НУ АЛБАНСКИ ТЕАТАР, СКОПЈЕ
18:45 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) Разговори на тркалезна маса
22:00 | Театар „Војдан Чернодрински” ЛЕКЦИЈА
MOTION NETWORK И НУЦК „АЦО ШОПОВ“ – ШТИП
23:59 | НУЦК „Марко Цепенков” НАТЧОВЕК
ДРАМСКИ ТЕАТАР „СТОЈАН БОЧВАРОВ“- ВАРНА, БУГАРИЈА
14.6.2024 (петок)
10:00 | Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“)
12:00 | НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје) ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА
19:30 НУЦК „Марко Цепенков” СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ И ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ Концерт на Добрила и Дориан дуо
Билетите ќе бидат пуштени во продажба на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од 1 јуни.