ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Крива Паланка прва на Балканот со Статут на знаковен јазик

May 29, 2024 16:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Крива Паланка е прва општина на Балканот со Статут пристапен за лица со попречености, прилагоден на знаковен јазик и достапен на веб-страната на општината.

– Статутот на Општина Крива Паланка е прв во државата во приcтапен формат за лица со попречености, преведен на знаковен јазик и со Брајово писмо, а овој пример треба да го следат и другите општини и да ни овозможат нам, лицата со попречености да чекориме заедно низ процесот на остварување на сите наши права, рече Бранкица Димитровска, претседателка на Здружението за лица со попреченост „Хендикеп плус“ што го изработи Статутот во пристапен формат, во рамки на проектот „Пристапна и отворена општина“, финансиран од Бугарската помош за развој.

На настанот за промоција присуствуваше и Амбасадорот на Бугарија во РС Македонија, Ангел Ангелов, кој порача дека е горд на здружението „Хендикеп плус“ кое со овој втор проект поддржан од Бугарската помош за развој прави прогрес.

-Тие се пример во државата за интеграција на лицата со попречености, што е чекор кон европеизација на државата, рече Ангелов.

На денешниот настан претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска потпиша Меморандум за соработка со неформалниот Совет на лица со попреченост, предводен од Бранкица Димитровска, со цел продлабочување на соработката и унаредување на правата на лицата со попреченост во Крива Паланка.

-Со овој меморандум кој е само формален, ние како и досега ќе им бидеме на располагање на лицата со попреченост во општината. Сѐ што можеме, согласно буџетот, со мерките и програмите што ги носиме и надвор од тоа, ќе учиме заедно едни за други и ќе си помагаме за подобро живеење во заедницата, рече Павловска.

Димитровска рече дека ова го остава како дело, влог во заедницата за идни генерации, како што луѓето оставаат свој пород за иднината.

-Ова ми беше зацртана цел, Крива Паланка да биде прва во Македонија и на Балканот со пристапен, достапен и отворен статут и политики, и навистина ми е гордост. Уште денес, по меморандумот поднесуваме иницијатива за формирање посебен буџетски фонд за лица со попреченост, што ќе го надгледува Советот за лица со попреченост, надвор од програмите за труд и социјала. Работевме макотрпно со Елена Кочовска и целиот проектен тим и сум горда на тоа што го направивме. Се надевам дека секој град ќе изрази иницијативи за прилагодување на Статутите на општините, порача Димитровска.

Tags: знаковен јазикКрива Паланка
Next Post

„Златен објектив“ за доајенот на филмската уметност Столе Попов

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk