ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Предвремени избори во општините Гостивар, Аеродром и Сарај, или измени во законот за локална самоуправа?

May 30, 2024 11:07
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според актуелниот Закон за локална самоуправа во општините Сарај и Гостивар, треба да се одржат предвремени парламентарни избори, додека во случај градоначалникот на Oпштина Аеродром, Тимчо Муцунски, да премине во извршната власт, тогаш и во оваа општина мора да се одржат предвремени локални избори.

Според Изборниот законик, функцијата пратеник и министер е во конфликт со функцијата градоначалник на општината.

Закон за локална самоуправа

Согласно законот за локална самоуправа, доколку има повеќе од шест месеци до редовните локални избори, кои се очекува да се одржат во октомври 2025 година, тогаш се организираат предвремени избори за градоначалник, а постојниот општински совет продолжува да функционира до одржувањето на редовните локални избори.

– Претседателот на Советот на општината мора во рок од 15 дена да го информира министерот за локална самоуправа за фактичката состојба во општината по преземањето на градоначалникот на друга функција која е во спротивност со функцијата на градоначалникот, а потоа министерството ja информира Владата за понатамошните чекори. Владата ја констатира состојбата и според законот – или назначува вршител на должноста градоначалник или ја известува Државната изборна комисија за организирање на предвремени избори. Според законот, доколку има повеќе од шест месеци до одржувањето на редовните локални избори, тогаш се организираат предвремени локални избори, објасни за „Фронтлајн“, Адмир Шабани – портпарол на ДИК.

На градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети му е верифициран пратеничкиот мандат, а тој самиот најави дека ќе ја напушти функцијата прв човек на општината, продолжувајќи го политичкото патување како пратеник, со што Сарај ќе треба да избере нов градоначалник. Од друга страна, името на градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари се „шушка“ како следен министер за здравство, а доколку тој се согласи да биде министер, треба да се одржат и предвремени локални избори и во оваа општина.

Како дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкоски, во политичката кругови се споменува и името на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. Ако стане министер, и Аеродром останува без градоначалник. За пратеник во новиот пратенички состав е избран и градоначалникот на општина Тетово – Билал Касами, но тој се откажа од пратеничкиот мандат.

„Фронтлајн“ од доброупатени извори од партиите на новото парламентарно мнозинство дознава дека новата Влада ќе предложи измени на Законот за локална самоуправа во делот каде што е наведено дека доколку има повеќе од шест месеци, што во конкретниот случај е повеќе, додека не се одржат редовни локални избори треба да се одржат предвремени избори наместо да се именува в.д. градоначалник.

Доколку се направи оваа промена тогаш во овие три општини нема да има предвремени локални избори, туку ќе се чекаат регуларните, додека општините ќе ги водат вршители на должност градоначалници кои ќе ги определи Владата.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Гостиваризборен законикОпштина Аеродромпредвремени избориСарај

НАЈНОВО

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавата на Мицковски за дополнителни даноци за неженети и немажени

July 4, 2025

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

July 4, 2025

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk