ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бесплатен летен спортско-едукативен камп за ученици од општина Кисела Вода

June 3, 2024 17:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бесплатен летен спортско едукативен камп за спортските таленти од основните училишта и учениците од социјално ранливите семејства, обезбеди Општина Кисела Вода. Оваа иницијатива, која е плод на посветеноста за промовирање на спортот и здравиот начин на живот, ги промовира и еднаквите можности за учество и развој на сите деца без разлика на нивната финансиска состојба.

На јавниот повик  кој е достапен на општинската веб страница https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/05/oglas5.pdf , можат да аплицираат децата кои постигнале резултати во олимписки и неолимписки спортови, во поединечна и екипна конуренција, согласно класификацијата на Агенцијата за млади и спорт. За спортските таленти, Комисијата ќе ги вреднува постигнатите прво, второ и трето место. Kандидатите задолжително треба да ги достават, дипломите и признанијата за освоени места или учество на официјални државни, меѓународни и регионални натпревари, како и дипломите и признанијата за освоено место или учество на пријателски натпревари во сите категории. Основците пак, кои припаѓаат на социјално ранлива категорија согласно Закон за социјална заштита, за истото треба да достават соодветна документација како доказ за исполнетост на условите. На повикот можат да се пријават и ученици од семејства со еден вработен, примател на минимална плата, како и ученици од семејства чиј вкупен приход не надминува 35.000,00 денари месечно.

-Овој бесплатен седумдневен камп на брегот на Охридското Езеро ќе биде повеќе од обично дружење. Тој претставува можност за нашите ученици да се социјализираат, да создадат нови пријателства и да ги развиваат своите спортски таленти. Верувам дека преку вакви активности, децата ќе можат да ги зајакнат своите спортски вештини, но и да научат важни животни лекции за тимска работа, дисциплина и посветеност. Нашата поддршка за младите спортисти не завршува тука. Оваа иницијатива е само дел од нашата континуирана стратегија за поттикнување на спортските активности и здравиот начин на живот кај младите. Овие спортски кампови се стимул за спортистите да продолжат да се натпреваруваат и да ги постигнуваат своите цели, но исто така претставуваат и обид да се избегне маргинализацијата на децата од социјално загрозените семејства. Сите деца, без разлика на нивната социјална позадина, треба да имаат еднаква шанса за успех и развој. Од тука, ги поттикнувам сите кои се опфатени со зададените критериуми да аплицираат на јавниот повик. Од своја страна, како градоначалник, можам да кажам дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да инвестира во вакви проекти, кои го поддржуваат личниот и спортскиот развој на талентираните и водат кон избегнување на маргинализацијата на децата од социјално загрозените семејства-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски,

Барањата и изјавите со потребната документација треба да се доставуваат до 05 јуни, по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско едукативен камп” – Комисија за спроведување на постапката за избор на ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско едукативен камп.

Tags: бесплатнокампКисела Вода
Next Post

Анри го објави тимот за ОИ: Лаказет се враќа во репрезентацијата на Франција

Shortcut

Најново

Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

ВЛЕН до Беџети: Молчеше 1058 дена како министер, а денес ги манипулира албанските студенти

May 29, 2026
Фото: Скриншот, видео НАСА

(ВИДЕО) Експлозија на ракетата „New Glenn“ на Blue Origin за време на тестирање на Флорида

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk