ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Белопета во интервју за Фронтлајн: За да се направи еден добар фестивал е потребно пет пати повеќе работа

June 4, 2024 14:14
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Оливер Белопета. Фото: Фесбук

Оливер Белопета. Фото: Фесбук

Финансискиот аспект не е најголемиот мотив за организација на еден ваков фестивал, вели Оливер Белопета – директор на „Скопскиот џез-фестивал“ и „ОФФест“,  во големото  интервју за „Фронтлајн“.

„И моите колеги во Европа, не случајно водат вакви непрофитни организации кои работат фестивали. Тие, како и јас, ова го правиме затоа што нѝ претставува посебно задоволство да го реализираме сѐ она што го сакаме во музиката. Да се оддолжиме на она што во одреден момент ги променило нашите животи – музиката. Тоа е главниот мотив. Своевремено, вие знаете, долго време пишував за „Нова Македонија“, за „Екран“, имав и радио-емисии, па оваа љубов кон музиката навистина долго трае. Како член и на Европската џез-мрежа, кој имал можност да патува на разни фестивали, многу добро ги познавам тие луѓе и таму не можете да најдете ниту еден натпросечно богат човек. Тие сите се богати – внатре во себе. Но, разбирливо, финансииите се појдовна основа за органицација на еден добар џез-фестивал“, истакна Белопета.

За тешкотиите со кои се соочуваат при организација на „Скопскиот џез-фестивал“ и „ОФФест“, Белопета нагласува дека тие се „прилично различни од оние со кои се соочуваат во европските земји“.

„За разлика од овде, голем дел од организаторите на фестивалите во Европа после одреден број на години ја напуштаат оваа работа и одат на посигурни работни позиции. Не од аспект на сигурна плата, туку организациските стресови се присутни, помалку или повеќе, во сите земји. Но, тешкотиите со кои ние овде се соочуваме, се прилично различни од оние во европските земји. Таму финансирањето е стабилно, инфраструктурата е стабилна, публиката е постабилна… Кај нас е веќе станато многу различно, затоа што, последниве години,многу различно и од деведесетите, за да се направи еден добар фестивал е потребно пет пати повеќе работа, од многу причини. Прво, финансиите од година во година се намалуваат и ние сега се наоѓаме во ситуација годинешниот буџет за „Скопскиот џез-фестивал“ да биде рекордно мал во неговата историја на постоење. Тој е еднаков на оној од 1998 година. Што е апсолутно скандалозно. Затоа што, не е проблемот до немање на пари во државата, туку до распределбата – бројот на фестивалчиња од година в година само се зголемува. Има некои од нив кои дури и не се одржуваат, а се земаат пари. А, наеднаш, ние се судираме со финансиски проблем за „ОФФест“, затоа што во меѓувреме, и вториот далеку помал финансиер – Градот Скопје, едноставно ги скратува парите, а процесите во државата се такви да можните спонзори или даваат далеку помалку пари за културата или се повлекуваат, со искривено образложение – намеме пари или во криза сме“. вели Белопета.

Дваесет и третото издание на „ОФФест“ ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека, со осум концертни настапи и два документарни филма.

Т. И.

Tags: Оливер БелопетаОффест
Next Post

Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk