ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако сите во толпата се сложат дека човекот е виновен, ослободете го, сигурно е невин

June 5, 2024 10:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Ситуацијата во земјава, денес, ми личи на насловот од погоре. Општ „тремор“, испуштање на крици, молк и неколку предупредувања: „престани да пишуваш; престани да зборуваш“. Оваа ситуација ме потсетува на René Girard и неговата главна филозофска дисциплина која ја нарече „миметичка зараза“, поточно, историјата според Girard се одвива низ „миметички циклуси“. Практично: срамно е да се признае, ама мнозинството луѓе, според него, ги имитираат другите.

Или да бидам уште по директен: ќе се обидат моќните да се пресметаат со немоќните; оние кои ќе бидат критични кон новата власт, а тоа, нели, е идната влада на „најмакедонскиот“ Мицкоски. Тоа кинење е кинење на оној кој нема никаква моќ, ама против моќта стои, таквото однесување има врска со „миметичката зараза“ на Girard.

Имено, кога злото во една заедница ќе стигне до невидени размери, зло кое се заканува и кон целата заедница, се прибегнува кон фаза на миметичко жртвување. Иако на таквото жртвување се гледа како на лек кој, се разбира, е лажен и погрешен, работата непрекинато ќе се повторува. За потребата од „миметичко жртвување“ одново и одново се потребни нови жртви.

Така имате и денес. Сите оние пристојни, фер, градски луѓе, луѓе кои се залагаа искрено за Европските вредности, ненационалисти, а притоа пропагандната машина ги нарекува(ше) „антимакедонци“, изгубија на политичката сцена. Низ „миметички ритуали“, таквите, ќе се обидат да бидат комплетно тргнати или крајно маргинализирани од политичката сцена. Така ќе се менува и постоечката хиерахија.

Ќе се палат, барем такви се најавите до овој момент, оние кои се активисти, оние кои се дел од слободомислечките луѓе во земјата. Имате видео на Миленко Неделковски кое веќе ги најавува во својата опскурна емисија. Вчера, пак, Џабир Дерала, излегува од судница за напишан текст. Тоа е најава за гилотина во која тужителите, како „костимирани припадници“ на Кју-Клукс-Клан, симболички ќе ги палат (и малтретираат на судски рочишта?) оние кои стојат (и во иднина ќе стојат!) против сеприсутната моќ.

Без разлика колку е бизарно, мачно и тешко, ситуацијата на таквото „миметичко жртвување“ по малку е и комично. Признавам, таквите ритуали во основа нè водат и кон онаа Лаканова теза која вели: „вистинскиот лудак не е несреќник кој мисли дека е крал, туку крал кој верува дека е крал“. А оваа Лаканова теза може да ја преформулираме и вака: „вистинскиот лудак е оној што верува дека толпата е во право, а ако толпата верува дека некој човек е виновен, ослободете го, сигурно е невин“.

Но, сепак, ваквото однесување станува традиција кај десничарските партии. Наместо инсценации во кои се конфронтираш со моќните, телевизиските карневали стануваат полигон за изживување на немоќните. Наместо бунтовништво и превратништво, десничарите, во „име на мнозинството“ бараат глорификација на послушништво и прилагодување кон доминантната „идеологија“ (во нашиот случај тоа е македонскиот национализам). Наместо (барем!) на симболички план да ѝ пркоси на реалноста, мејнстрим карневалот и дава радикално изразена поддршка.

Додека сите чекаме конституција на новата влада, додека ги чекаме новите одела и фризури, додека ги чекаме нивните нови перики и шминки за настап, „трепериме“ од неизвесност: кого оваа година ќе палиме на гилотина?

Ми се гади и блуе од новите инквизитори кои уште сега се позиционираат на сите стратешки места: во своите костими изигруваат некакви сатирични шегобијци, а позади кулисите се однесуваат како бандити. А бандитски им е и зборот, погледот, јавната артикулација.

Кога една заедница ќе се збогува со разумот, за волја на вистината, подразбира и патување во спротивна насока, затоа што когнитивните способности не можат да го сомелат заради политичките хајки и клучот од нејзината негација. Како смртно расистички проглас и апологија на линч кон оној што стои сам против моќта.

Денес, овде, тука и веднаш, може да го кажам и следното: десничарите уживаат во слободата на говор – а под слобода разбираат и да се спали на гилотина оној што не е наш – ама исто така слободата на говор овозможува и слободно изнесување на мислење за она кое може слободно да се зборува.

А слободното зборување не може да биде поприште за вежбање на фашистички орди. Не може слободата на говор да биде место за нахушкани и индуцирани толпи од „мнозинството“ кои на ражен ќе ја вртат главата на оној кој е сам и стои наспроти моќта. Тоа е регрутирано месождерство и директен напад на слободата на говор.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

НАЈНОВО

Во Измир два пожара се вон контрола

July 3, 2025

Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот

July 3, 2025
Фото: МИА

Републичкиот јавен обвинител, Коцевски побара повеќе пари од ребаланост на буџетот за вештaчења, дигитализација и нови вработувања

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како Лабубу му донесе милијарди на Ванг Нинг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk