ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мишел: Лидерите на ЕУ не постигнаа договор околу носителите на врвните функции

June 18, 2024 10:12
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на вечерашната неформална средба во Брисел не успеаја да постигнат договор околу изборот на највисоките функционери во Унијата, информира претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Средбата претставуваше добра можност да се разменат мислења околу изборните резултати и за подготовка на формалната средба на Европскиот совет што ќе се одржи овде во Брисел следната недела. Мислам дека дискусијата се одвиваше во вистина насока, но во оваа фаза вечерва нема договор, изјави Мишел по завршувањето на неформалниот состанок на европските лидери.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Мишел истакна дека политичките партии на средбата ги изнеле своите предлози за кандидатите за водечките позиции во ЕУ и врз основа на нив ќе се работи на постигнување договор.

Според него, во целиот процес на носењето на оваа одлука е важна транспарентноста и во нејзиното усвојување да бидат вклучени сите 27 земји членки на ЕУ.

– Оваа средба беше важна за таа цел. Потребна е доверливост и одредено ниво на доверба за да се донесе одлука, рече Мишел, додавајќи дека од суштинска важност е да се зачува единството во Европскиот совет.

Тој нагласи дека целта на денешната средба и не била да се донесе одлука околу носителите на врвните функции, туку само да се разменат мислења и да се изнесат очекувањата, надежите и приоритетите, за секој да може да го слушне секого, што, како што истакна, е важен чекор во процесот на носењето одлуки.

Мишел изрази надеж дека лидерите на земјите членки на ЕУ сепак до крајот на јуни ќе постигнат договор околу имињата на носителите на водечките позиции во блокот.

– Многу е јасно дека во текот на јуни мора да донесеме две важни одлуки. Едната е во врска со институционалниот циклус врз основа на резултатите од изборите за Европскиот парламент, а втората важна одлука е за Стратешката агенда на која почнавме да работиме пред многу месеци, нагласи Мишел.

Тој додаде дека заедно со одлуката околу носителите на врвните функции во ЕУ, на дневниот ред на Самитот на ЕУ следната недела ќе се најде и Стратешката агенда, која, како што рече, ќе ги дефинира насоките на Унијата во следниот период.

Tags: ЕУлидериМишел
Next Post
Abdelhakim Abu Riash/Al Jazeera

Израелската армија соопшти дека наскоро ќе ги постигне сите цели на својата офанзива во Рафах

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk