Во Собранието почна пленарната седница за избор на владата предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Мицкоски ја образложи програмата и предлогот за состав на владата по што започне дебатата по предлогот.
Прв на говорницата ја започна дебатата пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој ги наведе своите забелешки, осврнувајќи се пред се на употребата на уставното име на државата, кое претходно во предизборниот период беше оспорувано од ВМРО-ДПМНЕ, а сега истите го прифаќаат.
Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.