ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Нека ни е со среќа: Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број

Мицкоски - тринаесеттиот премиер на „нашата земја“ - пред „срамната“ придавка капитулира, но „бугарски диктат“ не прифаќа

June 24, 2024 17:26
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ(фото: Б. јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Владата на Мицкоски, тринаесеттиот премиер на „нашата земја“, уште не беше изгласана, а веќе доби благослов од новинарски и други „величини“ што поитаа да му се поклонат до земја. Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број. Со толку и такви благослови, премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина. За иднината на „нашата земја“ ќе се грижи, веројатно, некоја друга влада.

За програмата на владата, потпишана од проф. д-р Мицкоски беа кажани десетици илјади зборови во дводневната расправа во парламентот. Самата расправа покажа како ќе изгледа и парламентарниот „живот“ во претстојниот мандат. И кој сѐ од опозицијата ќе (се обиде да) добие столче, макар и триножно, блиску до големата трпезариска маса на власта.

Напишаното во владината програма, начинот на кој тоа е напишано, а уште повеќе тоа што не е напишано, веќе сега им кажува на искусните познавачи на ВМРО-ДПМНЕ што сѐ ќе се случува со економијата, социјалната правда, владеењето на правото, меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции… човековите права и слободи… Не грижете се, ништо добро нема да се случува.

Огромната моќ што сега ја имаат Мицкоски и неговата партија не остава простор за оправданија за сѐ што претстои. Но дали е така? ВМРО има „несоборливи аргументи“ да ги оправдаат неуспесите што претстојат. Тие се безброј пати повторени. СДСМ и ДУИ оставија пустош, ја ограбија државата, ја уништија иднината. Затоа, мора сѐ да почне одново. Не можеме да продолжиме со ЕУ интеграциите со вакви институции. Европа ќе почека. Се разбира, и во составот на владата има една боксерска вреќа: Албанците од коалицијата ВЛЕН. Така што, нема потреба од загриженост. Сѐ е подготвено „нашата земја“ да јурне со полна пареа – назад, кон минатото.

Не мора многу да се објаснува, доволно е да се прочита владината програма на 63 страници и да се слушнат две поенти од свечената изјава на премиерот број 13. Тој призна дека „капитулира“ пред „срамната“ придавка на уставното име на државата што ќе ја води. Придавката за него е срам што му го предизвикал СДСМ – нему и на сите негови родени и неродени поколенија. Но рече и дека – додека е премиер – нема да дозволи менување на Уставот под „бугарски диктат“. Што, инаку, е работа на парламентот, но кому му е грижа за такви ситници!? И онака со „нашата земја“ отсега ќе се управува од Белата палата. Целосно. Ако не ми верувате мене, послушајте го премиерот (линк до видео), кога вели „дајте му време на времето“ (или: Il faut donner du temps au temps). Дали ја цитираше француската изрека или го нашол тоа кај Паоло Коељо, (сега) не е важно.

Пред седум години, кога Зоран Заев ја доби првата влада по 11-годишното владеење на партијата што сега има апсолутна власт во државата, го напишав првиот текст во рубриката (подоцна и книга) Рафал со наслов „Честито влада, реконструкција кога?“.

„СДСМ изненади со отсуството на креативност во делот од владата во која контролата не ја наметна ДУИ. Се чини како да ја презеде структурата на претходната, гломазна и неефикасна влада-лавиринт. Ваква каква што е, оваа влада е зрела за реконструкција веќе утре“, напишав за првиот владин состав под водството на Зоран Заев.

Дали такво нешто ќе напишам и за почетокот на владиниот состав на премиерот број 13? Не. Нема што да се реконструира во оваа влада на Мицкоски. Сѐ е добро. Можам само да цитирам еден слоган на кој ме потсеќа оној што отсега ќе се грижи за односите меѓу заедниците: С вером у Бога, за Краља и Отаџбину! Само тако наставите.

Или: Напред, кон минатото!


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk