РИБАРО
Како што ексклузивно дознава АХА, луксузните рачни часовници на премиерот Мицкоски кои вредат над 52 илјади евра, од срам за газдата, бараат да бидат трампани за амбулантно возило.
„Мислевме како да го измиеме срамот што ни го приреди нашиот сопственик – премиерот Мицкоски, па решивме дека треба да бидеме заменети со амбулантно возило кое ќе им користи на граѓаните. Ние од Мицкоски бараме замената да ја направи што е можно поскоро, така што би можеле да уживаме на раката на сопственик што ќе ја цени нашата вредност, а не да нè крие со години небаре ние, а не тој, сме грешни. Тоа што се прави скромен народен човек патриот, а ваму има луксуз како што сме ние, не е наша вина. Нас не ни е грижа како тој со професорска плата може да си дозволи да не поседува нас, нека мисли на тоа Антикорупциска, туку едноставно, ако сака да нè поштеди и барем малку од малку да покаже чесност, го замолуваме да нè замени со едно амбулантно возило кое потоа ќе го донира на јавна здравствена установа по негов избор. Така, ем ќе нè спаси нас, ем ќе се направи лицемерот пак народен и арен“, истакнаа рачните часовници за АХА.
Не бараме многу, само нека ни се мавне од пред очи, искоментираа очигледно изреволтирани двата рачни часовници што Мицкоски ги пријави во анкетниот лист.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK