ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Партија на слободата за Мала Преспа: Пописот не го признаваме, ЕУ да спороведи суштинска проверка на нелигитимниот попис

June 28, 2024 18:33
in ДЕНЕС, РЕГИОН
ТИРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на пописните резултати што денеска ги соопопшти албанскиот Институт за статистика, остро реагираше и огранокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, чиј претседател е Панди Јани, порачувајќи дека не ги признаваат и ја повикаа „европската заедница да спороведе суштинска проверка на нелигитимниот попис и веднаш да реагира“.

-Пописот не го признаваме, бараме повторување на истиот каде што доминантно е македонското малцинство, со меѓународна строга контрола без никакво надворешно мешање. Бугари во Албанија има, ама само во конзуларните претставништва – пописот нема никаква релевантна основа за состојбата на терен, револтирано изјави Јани.

Додава дека во Република Албанија не живеат никакви Бугари и нагласува дека „единствени Бугари се само назначените функционери во Бугарската амбасада во Тирана, и ова им е јасно на сите, па така и на бугарската држава“.

Посочува дека никогаш порано никој, на сите спроведени пописи во Албанија, не се попишал како Бугарин, но овојпат „околностите под кои се случи пописот дозволија надворешно мешање, агитирање и уцени врз македонското население, се со цел да се попишат како Бугари, а зошто тоа го направија на сите им е јасно“.

-Пред ваквиот чин и слепи и глуви се направија меѓународната заедница и сите државни институции што не е прифатливо во овој 21. век. Ова е вршење на асимилација пред целиот меѓународен фактор. Затоа, јас како претставник на македонската заедница и сите Македонци порачувам дека не го прифаќаме и не го признаваме овој попис и воедно бараме повторување на истиот, посочува тој.

Во исто време, тој додаде дека бараат заштита од меѓународните институции, и нагласи оти смета дека е неприфатливо македонската партија да продолжи со поддршката за актуелната албанска власт.

-Исто така, неприфатливо е македонската партија да продолжи да дава поддршка на оваа власт, од која очигледно Македонците немаат никаков бенефит, туку гледаат само еден статист кој што немо гледа во реализацијата на големите шовинистички планови на реализација во Албанија, а на сметка на македонското малцинство. Ова што се случуваше со пописот сметаме дека е голем срам за раководството на Општина Пустец, нагласува Јани.

Претходно, остро реагираше и македонската партија МАЕИ, која исто така се изјасни дека не ги признава пописните резултати.

Tags: АлбанијаМала ПреспаПопис
Next Post

Македонските ракометарки го освоија 16. место на младинскиот Мундијал

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk