РИБАРО
Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, кој извонредно успешно го реализира проектот Скопје 2014та, што граѓаните ги чинеше 750 милиони евра, на владина седница е назначен за директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Коце најави ексклузивни проекти, кои вклучуваат и екстравагантни решенија, дознава АХА.
„Ќе градиме Триумфални порти на сите вклучувања и исклучувања на автопатите. На делницата Скопје – Охрид, на пример, предвидени се минимум 13 Тримфални порти, од Куманово до Гевгелија уште толку. Проектот веќе го имаме, нели, истиот со Триумфалната во Скопје, така што ќе заштедиме на тоа. Има граѓаните да се чувствуваат ГОРДО кога ќе влегуваат и излегуваат од автопат, онака како што им личи на гордите Македонци. Со премиерот Мицкоски ова го имавме договорено пред избори, но го оставивме како најпријатно изненадување. Имавме мала дилема дали да бидат по два лава наместо Триумфална, но превагна симболиката за гордоста и триумфализмот“, кратко изјави Трајановски за АХА.
Со среќа мандат, Коце директоре!, му посака екипата на АХА на новиот директор на ЈПДП.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK