ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Секој психијатар ќе ви каже дека без вистината за себе Македонија не може да се излечи

July 7, 2024 12:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Ако Бугарите испаднат од комбинациите за Уставот, Македонците ќе испаднат од комбинациите за Историјата.

Исти последици ќе има и „патриотското” курчење (за јазикот или „ропството” на пример) кон Албанците, со тоа што во тој случај освен од Историјата ќе испаднеме и од Вселената.

Што, можеби, нема да биде лошо за нас, но за Универзумот не сум сигурен!

Тука не завршуваат џамовите од кои можеме да испаднеме.

„Спорот за името” никогаш и не бил за „името”, туку за позиционирањето на новата држава од 1991 година, во своето политички, меѓународно и геостратешки дефинирано соседство.”
Пишува Никица Корубин во својата најнова колумна.

Се согласувам.

И самиот сум пишувал дека тоа е така, но на луѓето и на политичките елити им беше полесно да се фатат за  „монструозниот инжињеринг, како емотивно-идентитетска мамка: името го дадовме.”

Тоа значи дека можеме да испаднеме и од себе, односно од геополитичката и геостратегиска констелација која е единствениот конец на кој се држиме.

Се сеќавате на последните избори, кога меѓународното позиционирање и етаблирање беше прогласено за антимакедонски и предавнички чин, Европската унија и нејзината рамка за смртоносна мамка и замка, протоколите со Бугарија за бугаризациски  крај на Македонците, итн, а еве, гледаме сега дека новата власт се обидува решенијата на проблемот со името наново да ги проблематизира не затоа што многу го сака старото име туку затоа што таа тема сака да ја користи за да го проблематизира „позиционирањето на новата држава од 1991 година, во своето политички, меѓународно и геостратешки дефинирано соседство.”

Што е потврда на тезата на Корубин, но погледната од македонска страна и тоа на негативен и, треба отворено да се каже- во својата внатрешна антимакедонска димензија.

Тука влегувам во друг контекст, не во полемика, затоа што јас не ја аболирам Македонија, особено не вмро-дпмне од одговорностите за таквиот развој на настаните, не во смисла на неразбирањето на ситуацијата туку во нејзината брутална и криминална злоупотреба, макар што прифаќам дека главната одговорност се должеше на регионот или барем на дел од него, кој се трудеше постоењето на Македонија како современа, европска и функционална држава, базирана на правото да го замени со конструиран мит, базиран на хегемонистичките желби и соништа.

Како што пишува Корубин.

Точно е дека „нашиот иредентизам е декларативен, наменски и автодеструктивен, бидејќи е изворно туѓ”, но тоа не значи дека е помалку виновен за катастрофата кон која се стремиме. Затоа што освен во постојаните блокади на „меѓународното позиционирање” тој декларативен иредентизам кој на моменти поминува во нацифашизам, го користи времето и ресурсите на демократијата за растурање на супстанцата на Македонија, на македонската нација како стожерна вертикала.

Освен тоа мораме да одговориме на која туѓина и припаѓа нашиот иредентизам.

Се доближуваме, тие не доближија, до моментот кога ќе бараме некој да се грижи за нас, а не ние за нашите сонародници во соседството и во светот.

Коле Чашуле на времето (2001) викаше дека не е лошо да бидеме патронат.

Тоа со името и позиционирањето беше најважниот знак дека Македонија не се разбира себе по распаѓањето на Југославија а не го разбира ниту регионот ниту светот. Особено се покажа дека не го разбира вмро како смртоносен феномен, а не феномен на историската легитимација и на преродбата.

Освен емотивно-идентитетската мамка со името, на луѓето им беше пружена и „забавата” на партискиот судир меѓу вмро и сдсм, разбирањето дека решавањето на проблемот на предавниците е единствен начин за решавање на македонското прашање, со тоа што само „предавниците”, кои, за волја на вистината,  не ги издржаа сите предизвици на транзицијата, беа најблиску до реалноста кога се во прашање генералните проблеми на

Македонија и нивното решавање.

И на крајот: Централниот проблем, можеби не по правото, туку по реалниот однос на силите, е Македонија. Ние сме проблемот и никогаш не сме се прашале во што е тој проблем. Зошто сите не заебаваат?

Сакаме да изигруваме морални супериорности, а не ги гледаме нашите одговорности.

Од бркањето во туѓите историски казани, од сериозните дефекти во некои аспекти на историската легитимација, од недостигот на модерни структури кои ќе ја потврдат самопретставата за староста на нацијата итн. До внатрешните констелации во кои драстично е намалена моќта на македонската етничка компонента.

Тоа што комшиите го бараат од нас е нашиот единствен ресурс за да можеме да стигнеме до меѓународно позиционирање и етаблирање.

Тука нема губитоци.

Живееме во свет во кој тоа се само добитоци ако тоа што го сметаме за губиток го откачиме час поскоро.

„Проблемот со нашата приказна за нас самите, е отсуство на целосната вистина. Вистината зошто е создадена, зошто е одржувана, на сметка на самата вистина. Која во основа е практична и досадна, ама задолжителна, како членовите 3 и 49 од нашиот сопствен устав. Сакаме правила и принципи или приказни кои се создаваат и бришат, по (само)волјата на некого. Не нужно во интерес на граѓаните и нивната сегашност. А, без сегашност која ја разбираме, ќе нема ни минато кое го замислуваме.“

Мислам дека Никица мисли на приказната за името, а јас мислам дека таа констатација треба да важи и за Македонија.

Ние се плашиме од вистината за Македонија.

Секој психијатар ќе ви каже дека така не можете да се излечите.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

 

Tags: Бранко Тричковскиколумна
Next Post

Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 11 мај 2026: Ден за интуиција и внатрешен мир

May 11, 2026
Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk