ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Косово го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

July 10, 2024 16:50
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Косово денеска одлучи да го прогласи 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, врз основа на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации, усвоена во мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Премиерот Албин Курти, откако денешната владина седница ја отвори со едноминутен молк во чест на жртвите од геноцидот во Сребреница, рече дека прогласувањето на 11 јули за Ден на сеќавање на геноцидот од 1995 година во овој босанско-херцеговски град е „благородна и соодветна одлука во името на Косово“.

– Годинава ја одбележавме 25-годишнината од ослободувањето (на Косово). Се сеќаваме на извршените масакри, го одбележуваме сеќавањето на жртвите од војните од 90-тите. Се сеќаваме на 8.372 мажи и момчиња од Сребреница кои беа убиени од српските сили во најголемиот масакр во Европа од Втората светска војна, рече Курти.

Тој потсети дека неколку дена пред годишнината од геноцидот во Сребреница, припадници на вооружените сили на Србија маршираа на свечена парада низ северозападниот босански град Приједор, без претходна согласност од државата Босна и Херцеговина.

– Минатиот викенд припадници на вооружените сили на Србија, кадети и ветерани на Воената академија во Белград, маршираа на парада во Приедор без дозвола и согласност на државата Босна и Херцеговина, значи само четири дена пред годишнината од масакрот во Сребреница. Ние се приклучуваме на сеќавањето врз основа на резолуцијата за осуда на геноцидот во Сребреница што ја усвоивме во Собранието, по резолуцијата во Европскиот парламент и резолуцијата усвоена во Генералното собрание на ОН во мај оваа година. Тоа е благородна и соодветна одлука во името на Косово и на нашата желба за правда и мир. За да не се заборави и да не се повтори геноцидот ниту во Сребреница, ниту во Косово, ниту во нашиот регион, ниту каде било во светот, рече Курти.

Вицепремиерката Емилија Реџепи, која е припадничка на бошњачката заедница во Косово, рече дека овој ден „треба да послужи за зачувување на вистината, мирот, правдата и човековите права“.

Во мај, Генералното собрание на ОН преку резолуција го назначи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во 1995 година.

Меѓународниот суд на правдата во Хаг го окарактеризира злосторството во Сребреница како геноцид во 2007 година.

Официјален Белград и властите на српскиот ентитет на Босна и Херцеговина, Република Српска, го негираат геноцидот.

Next Post

Столтенберг: Во моментов нема непосредна воена закана од Русија врз некоја членка на НАТО

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk