РИБАРО
Премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, кој со силна државна делегација е во САД на самитот на НАТО, како што дознаваат извори на АХА од Вашингтон, им порачал на своите соработници – доста е бламирање, ќе си легнам на брашното.
Тој истакнал дека е „време да не го лажеме народот со приказни и да им ја пренесеме реалноста која вика дека на светов не сме сами, туку си има таму правила и услови кои како секоја нормална држава мора и ние да ги почитуваме“.
„Треба да разберат дека тоа што им ветувавме е ветер и магла и дека нема непочитување на меѓународни договори, нема менување на уставно име на Нашата земја, нема простор за наше условување за Договорот со Бугарија“, додал премиерот Мицкоски, јавуваат изворите на АХА.
„Изборите завршија, освоивме огромно мнозинство и целта ја постигнавме. Значи, нема повеќе што и кого да фарбаме. Знам, ќе има револт, тоа ќе трае кратко, ќе ме бербатат малку медиумите и социјалните мрежи, но ќе им помине за брзо. И после – ете нè пак, ќе измислиме нова ујдурма, ќе ја спакуваме во некој патриотски наратив, убаво во целофан и со панделка за да ја перципира подобро простата маса, и идемо даље. Едино нешто ако испадне со Орбан наш, па да се ќелепуриме,. Ама и тоа тешко. Како ме подбрале Америве деновиве во Вашингтон, не знам главата каде ми е“, потенцирал Мицкоски
– А ма шефе, дали граѓаните на Нашата земја ќе ја разберат фразата „си легнав на брашното“?
Па измисли нешто друго ако знаеш. Еве нека биде: свиткав опашка, или нешто слично… му реплицирал Мицкоски на својот соработник, дознава АХА..
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK