ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Главчев по средбата со Мицкоски: Обврските за Северна Македонија остануваат да се исполнат

July 11, 2024 11:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук прифил на Мицкоски

Фото: Фејсбук прифил на Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот премиер Главчев по средбата со Мицкоски, нагласи дека  „обврските за Северна Македонија остануваат да се исполнат

„Треба да се исполнат и обврските што се преземени. Тука не говорам само за Северна Македонија, туку и за сите земји од Западниот Балкан. Гледате дека не ги делиме. Нашата позиција е и европска позиција дека сите држави кандидати за членство во ЕУ треба да ги исполнат барањата што им се поставени“, рече вчера бугарскиот премиер Димитар Главчев од Вашингтон кој изјави дека имал средба со премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека и двајцата се на исто мислење оти треба да се намалат тензиите и да се нормализираат билатералните односи меѓу двете држави.

Премиерот Мицкоски по повеќе од  12 часа утрово на својот фејсбук профил напиша дека „на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на Влади и шефови на држави на НАТО самитот остварив кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.

„Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции“, пишува Мицкоски.

Опозициската СДСМ претходно преку соопштение реагираше дека премиерот Христијан Мицкоски ја криел средбата со премиерот на Бугарија Димитар Главчев, која ја оствари на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон, додека ВМРО-ДПМНЕ, пак возврати дека нема тајни средби на јавен настан.

-Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба. Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторилпозициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат. Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања? Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка? Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање? Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?, се наведува во соопштението на СДСМ.

Според партијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат Самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.

-Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.  ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа, се додава во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, со одговор дека СДСМ објавува глупави соопштенија, во кои  тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер и додава дека нема тајни средби на јавен настан

-Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо.СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице  и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk