Денеска низ целиот демократски и цивилизиран свет се одбележува 29 годишнина од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница. Демокартскиот и цивилизиран свет денес одава почит кон жртвите од геноцидот во Сребреница, наведува во објава на Фејсбук, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ.
„Меѓународниот суд во Хаг, со судска пресуда злостроствата во Сребреница ги окарактеризира како геноцид.
Сеќавањето на геноцидот во Сребреница е дел од институционалната мерморија на ОН, ЕУ, САД, Канада, Германија, Канада…
Србија и Русија беа најмногу против усвојувањето на Резолуцијата.
Македонското Собрание во 2010 година усвои Резолуција со која се осудува геноцидот во Сребреница.
Вчера Европската унија испрати порака дека нема место во ЕУ за оние кои го негираат геноцидот.
Денес сеќавањето на жртвите на геноцидот во Сребреница е вредност на која цивилизираниот свет се дели од остатокот на светот“, пишува Хоџиќ.
За геноцидот во Сребреница, повеќе од 50 лица беа осудени на околу 700 години затвор, меѓу кои и воениот претседател на РС, Радован Караџиќ, и врховниот командант на Армијата на РС, Ратко Младиќ.