ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Пола милијарда евра кредит во четри очи, дали е ова цената на чувањето на Груевски на безбедно?

July 11, 2024 19:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Конечно се отворија картите и стана јасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го криеја изворот на парите за ново огромно задолжување. Конечно е јасно зошто Мицкоски и неговите соработници секој викенд беа во Будимпешта на консултации кај азилантот Груевски. Специјалната економска соработка со Унгарија е во насока на презадолжување и политичко заложништво на нашата држава кон друга држава, реагираат од СДСМ, после објавата од премиерот Мицкоски кој истакна дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан постигнале договор за специјална финансиска соработка со Унгарија.

Реакцијата на СДСМ ја пренесуваме во целост

„Прашуваме каква е улогата на Груевски во оваа зделка? И на малите деца им е јасно дека позади ваквиот договор се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.

Понатаму, свесен ли е Мицкоски дека влегува во екскурзија што сериозно може да ја загрози нашата соработка со меѓународните финансиски институции како Светска Банка и Меѓународен Монетарен Фонд?

Понатаму, зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека ова е најповолен кредит кој може да го добие стопанството? Зошто не каже дека во моментов државата е корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5?

Овој кредит е далеку поповолен од овој од Будимпешта. Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации сака да земе кредит во четри очи?

Понатаму, зошто ја лажеа јавноста тој и министерката за финансии Кочовска дека кредитот ќе биде со камата под 3%, како тоа таа дојде до 3,25%? Што се крие зад покачувањето на каматната стапка?

Понатаму, дали најавата на министерката за финансии дека овие средства ќе се користат за капитални инвестиции, а имајќи предвид дека патот Кичево-Охрид може да се финансира само со кинески средства, овие пари всушност не доаѓаат од Кина?

Новата Влада има обврска да и одговори на јавноста каде се 500 милиони, кои недостасуваат за ветената 1 милијарда евра? Дали можеби Груевски му ги држи на Мицкоски резервирани како гаранција дека нема да го напушти зацртаниот курс? Граѓаните многу брзо се соочуваат со предизборните измами на ова ВМРО-ДПМНЕ кое докажува дека “волкот го менува крзното, но карактерот никогаш”!

Единствено што направи со овој потег Мицкоски е да ги коцка државните интереси со т.н. стратешки економски договор со егзил – чуварот на неговиот претходник, Никола Груевски, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Дали е ова цената за чувањето под закрила на Груевски?

За крај целата оваа постапка ја најавува Мицкоски во услови кога нема ниту владина одлука ниту посебен закон зазадолжување во Собранието. Султанот Мицкоски во четири очи договара така како што му одговара и за ова еден ден ќе одговара тој самиот“, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска во Вашингтон, САД,  имал средба со премиерот на Унгарија Виктор Орбан со кој договориле во иднина да воспостават специјална економска соработка согласно која министерствата за финансии на двете Влади ќе отпочнат процес во којшто унгарската Влада ќе и позајми на македонската Влада сума од 500 милиони со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години. Дополнително, земјава ќе може да се обрати за дополнителна економска поддршка, соопштија од Владата.

Поврзано: 

Мицкоски ја откри земјата од која Владата ќе земе кредит од 500 милиони евра: Со Орбан постигнавме договор за специјална финансиска соработка со Унгарија

 

Tags: ГруевскиМицкоскиОрбанСДСМ
Next Post
Проф. Љубомир Фрчкоски (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Фрчкоски за Ал Џезира: Отпорот на одредени земји кон усвојувањето на Резолуцијата за Сребреница беше скандалозен и апсолутно губитнички

НАЈНОВО

Фото: Скирншот, АП

Што изјави Зеленски по состанокот со Трамп и европските лидери

August 19, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Заклучоци од средбите на Трамп со Зеленски и европските лидери

August 19, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk