ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Орбан побарал од Мицкоски резиденција на Калето до американската амбасада

July 15, 2024 10:39
in ZOOM IN, АХА!, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

РИБАРО

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој на лепе очи му вети на Мицкоски 500 милиони евра кредит, како што дознава АХА, за возврат побарал да се изгради резиденција за него на скопското Кале, одма до американската амбасада.

Тоа го побарал Орбан од Мицкоски при неговата тајна посета на Скопје, а како што прецизираа изворите, било еден и од условите за евентуално да се разговара за втората бранша од позајмицата која би вредела дополнителни 500 милиони евра, јавуваат изворите на АХА.

„Вие со овој заем што ви го давам и практички сте ми вазали. Крал не може да ме ставите, оти нели срамота е, ама има да ми изградите резиденција на Калето одма до американската амбасада. Треба да се знае кој е газда во оваа држава. Објектот треба да биде поголем од нивниот и по површина и по висина. Може и на местото од оној музејот на современа или како ви се вика тој убав објект. Одберете, почнете да градите и се надевам дека до вашите локални избори ќе се гледа крајот на изградбата. Пред локалните пак ќе ви требаат пари да замачкате што се испокрале вашите градоначалници, па затоа до тогаш ви е рокот. Берете ум!“, му порачал Орбан на премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, дознава АХА.

– Ама Викторе, не случајно е одбрана таа локација за америчка амбасада. Ќе ме качат Америте на машко магаре, ако го направам тоа, рекол Мицкоски.

– А, повеќе сакаш јас и другарчето од Кремљ да те качиме на машко магаре? Што мислиш, од каде се овие пари?, го прашал Орбан.

– Ене, онде е вистинската локација, Засега на местото од македонското, ставете унгарско знаме на тврдината, посочил Орбан при тајната посета на Калето.

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Tags: МицкоскиОрбанРИБАРОсатира
Next Post

„Политико“: Шефовите на дипломатиите на ЕУ планираат бојкот на Орбан и Самитот за надворешни работи во Будимпешта

НАЈНОВО

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk