Градот Харкив во североисточна Украина, што е речиси секојдневно гранатиран од руските сили, ќе изгради неколку училишта под земја за да ги заштити децата, соопштија градските власти.
Вториот по големина град во Украина, Харкив се наоѓа на само неколку десетици километри од границата со Русија, чии сили го гаѓаа градот со артилерија од почетокот на инвазијата во 2022 година.
„Откако првиот проект за подземно училиште беше успешно спроведен во Украина, во Харкив започна изградбата на уште три такви објекти“, се вели во соопштението на градските власти.
Градоначалникот Игор Терехов нагласи дека градот, кој го отвори своето прво подземно училиште претходно оваа година, издвојува сопствени средства за новите училишта да напредуваат што е можно поскоро.
Властите во регионот Доњецк оваа недела наведоа дека градат подземни одделенија во болница во градот Покровск, на околу 25 километри од руските сили.