ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Две златни арени за „Домаќинство за почетници” на Горан Столевски

Златните арени се деветта и десетта награда за награда за „Домаќинство“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.

July 18, 2024 10:37
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Филмот „Домаќинство за почетници” снимен по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција, освои две златни арени на филмскиот фестивал во Пула, кој започна на 11 јули, а се затвора денес, со прикажување на победничките филмови.

„Домаќинство за почетници” беше дел од натпреварувачката програмата за малцински копродукции и ја освои златната арена за најдобра хрватска малцинска ко-продукција, а хрватскиот актер Владимир Тинтор доби златна арена за најдобра споредна машка улога за своето остварување во филмот.

„Домаќинство за почетници” е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а меѓу останатите финансиери е и Хрватскиот аудиовизуелен центар, чија поддршка е реализирана преку хрватски ко-продуцент Кинорама од Загреб.

Златните арени се деветта и десетта награда за награда за „Домаќинство“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали ширум светот, а е дистрибуриан во кината во Америка, Австралија, Холандија, Хрватска, Полска и Македонија.

Светската премиера на „Домаќинство за почетници” се одржа во 2023 на филмскиот фестивал во Венеција, а македонската премиера беше на отворањето на Интернационалниот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Филмот беше избран за македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ за 2023 година, а беше дел и од селекцијата за Европските филмски награди, каде доби една номинација.

Дистрибутер на филмот на територија на САД е Focus Features, Universal Pictures е интернационален дистрибутер за останатите територии, а продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

„Домаќинство за почетници“ може да се погледне на 19-ти и 20-ти јули во Кинотеката на РСМ од 20:30 часот.

Tags: Горан СтолевскиЛист ПродукцијаМакедонски филмПула
Next Post
Фото: МКЦ

Прогласени најдобрите филмови на 23. „Синедејс“

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk