Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје, реагираат од СДСМ.
„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.
ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв“, се наведува во реакцијата од СДСМ.
Министерството за внатрешни работи го потврди вооружениот инцидент што синоќа се случи во скопската општина Чаир во кој едно лице е повредено.
-Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ГОБ „Наум Охридски“ бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.
Поврзано: