Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, и го одзеде правото на Унгарија да биде домаќин на следниот состанок на министрите за надворешни работи и одбрана поради нејзиниот став за војната во Украина, пишува Би-Би-Си.
Тоа доаѓа неколку недели откако Унгарија го презеде ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија, улога во која таа вообичаено ќе биде домаќин на настанот, а поради средбата што премиерот Виктор Орбан ја одржа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва претходно овој месец.
Борел рече дека постапките на Унгарија треба да имаат последици и дека „мораме да испратиме сигнал, дури и ако тоа е симболичен сигнал“.
Унгарија го опиша потегот како „целосно детски“.
На секои шест месеци, под секое ново претседавање со Советот, министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ одржуваат неформални состаноци за да разговараат за најголемите глобални прашања со кои се соочува Унијата.
Следната рунда на состаноци ќе се одржи на 28-30 август и требаше да се одржи во Будимпешта, но во понеделник Борел најави дека тие наместо во Будимпешта ќе се одржат во Брисел.