ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Утврдена предлог одлуката за состав на Комитетот за односи со заедници, членот од ромската заедница ќе го избере Народниот правобранител

July 25, 2024 13:51
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на продолжението на четвртата седница ја утврди Предлог – одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски истакна дека согласно членовите 2 и 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците Комитетот го основа Собранието во рок од 60 дена од денот на неговото конституирање, а го сочинуваат 19 члена од редот на избраните пратеници при што седум члена се од редот на пратениците Македонци, седум од редот на пратениците Албанци, и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци.

-Имајќи го во предвид законскиот рок за избор на составот на Комитетот беа одржани координации на пратеничките групи во Собранието. Исто така, со допис од мене како претседател на Комисијата беше побарано координаторите на пратеничките групи во Собранието во најкраток рок да достават свои предлози за членови на Комитетот за односи меѓу заедници. Врз основа на доставените предлози се предлага утврдување на Предлог одлука за избор на член на Комитетот. Сакам да укажам дека во актуелниот пратенички состав на Собранието нема избрано пратеник од ромска националност. Согласно амандманот 12 од Уставот, доколку некоја од заедниците нема пратеници се избира од страна на Народниот правобранител. Заради горенаведените причини и имајќи го предвид законскиот рок за избор на составот на Комитетот во предложената Предлог одлука нема да имаме член Ром. Овој член ќе биде избран дополнително, рече Сајкоски отворајќи ја дебатата по точката.

Предлог одлуката беше утвдена без расправа, и ќе се најде на пленарна седница на Собранието.

Претходно беше дадена пауза од половина час на процедурално барање од пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ, за како што рече, да се преведат материјалите на службениот албански јазик.

Next Post

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Опозицијата продолжува со протестите пред општина Тирана; итни препораки за справување со трговијата со луѓе во Албанија; Хајризи, жртва на системот и општеството

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk