ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Опозицијата продолжува со протестите пред општина Тирана; итни препораки за справување со трговијата со луѓе во Албанија; Хајризи, жртва на системот и општеството

July 25, 2024 14:11
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска опозицијата продолжи со протестите на кои бара оставка од градоначалникот Велиај. И на овие протести, како и претходните, демонстрантите фрлаа молотови коктели и јајца во правец на општина Тирана, јавуваат албанските медиуми.

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала, одржа меѓуинституционален координативен состанок со претставниците на Националниот механизам за упатување кој ги опфаќа прашањата за трговија со луѓе, на кој направи преглед на состојбите во однос на спроведувањето на мерките за борба против трговијата со луѓе во рамките на одобрените Акционен план и постигнатите резултати.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Опозицијата протестира пред општина Тирана, се фрлаат молотови коктели и јајца

Најавениот  протест на опозицијата почна денеска, пред општина Тирана. Како и во минатото, протестот започна во 11:00 часот.

Потсетуваме дека подолго време опозицијата, но и претставници на Алијансата за заштита на театарот протестираат пред градското собрание, во знак на противење по апсењата за досието „5Д“, барајќи оставка на градоначалникот Велиај.

Во меѓувреме, речиси во сите протести имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, а тие фрлаа молотови коктели во правец на општината.

Како и на претходните протести, демонстрантите фрлаа јајца во правец на општина Тирана, пренесе Албеу.

Ора њуз: По извештајот на Стејт департментот  за трговија со луѓе Бала најави конкретни препораки за продлабочување на борбата против појавата

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала одржа меѓуинституционален координативен состанок со претставниците на Националниот механизам за упатување кој ги опфаќа прашањата за трговија со луѓе, на кој направи преглед на состојбите во однос на спроведувањето на мерките за борба против трговијата со луѓе во рамките на одобрените Акционен план и постигнатите резултати.

На овој проширен состанок на МКР, на кој присуствуваа и претставници на обвинителствата, судовите и СПАК, се разговараше за приоритетните препораки што треба да ги решат албанските власти, за истрага, следење и казнување на делата за трговија со луѓе, пренесе Ора Њуз.

КОСОВО

Газета Експрес: Петковиќ дезинформира за политиката на Косово кон Србите

Петар Петковиќ, директор на таканаречената Канцеларија за Косово, често ја користи својата позиција за ширење дезинформации, пропаганда и фабрикување факти.

Конечно, Петковиќ дезинформираше дека наводно владата на Албин Курти „систематски го попречувала дијалогот и извршила етнички мотивирано насилство врз Србите, особено на северот на Косово“.

Дезинформацијата, е објавена на српскиот портал „Косово онлајн“.

Што рече Петковиќ:

„Режимот на Албин Курти постојано и систематски го попречуваше дијалогот потпирајќи се на еднострани, незаконски и насилни одлуки, како и на прогон на Србите, особено од северот на Косово, за што сведочи фактот дека повеќе од 15 отсто од Србите на Косово го напуштија тој дел од покраината“.

„Приштина на секој начин се обидува да ја избегне обврската за формирање на Заедницата на српските општини, како што беше договорено во Брисел во 2013 година и прецизирано во 2015 година, пренесува Газета Експрес.

Бота Сот: Адвокатот Коци го откри  местото каде што се чува телото на Фатон Хајризи во Србија

Адвокатот Аријанит Кочи објави дека го идентификувал местото каде српските власти го чуваат безживотното тело на Фатон Хајризи.

Тој покажа дека е во Србија и не е придружуван од никого.

„Го најдов местото каде што се чува телото. Не сум поврзан со никого“, кратко изјави Кочи.

Инаку, пред неколку дена бегалецот од затворот Смреконица на Косово, Фатон Хајризи, беше пријавен дека е убиен од властите во Србија, пренесува Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: Жртва на системот и општеството

„Хајризи можеби бил млад војник на ОВК, но не бил и не е херој затоа што го убил рускиот војник, ниту овој српски полицаец.

Хајризи е или бил опасен криминалец, кој е осуден и за недозволено поседување оружје, освен за разбојништво и рани. Но, пред се, тој беше жртва на општеството и системот, кој не го третираше како малолетник кога тоа беше потребно“, пишува Авторката Флака Сурои во колумната „Жртва на системот и општеството, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

ССМ: Со државни пари да не се богатат газдите на грбот на граѓаните и работниците

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk