ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадата на САД до Приштина – Длабоко сме разочарани, престанете со сите еднострани акции; Вучиќ вели Курти се обидува да предизвика воен конфликт

August 6, 2024 10:04
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Некоординираните акции на косовската влада ги ставаат во поголем ризик граѓаните на Косово и војниците на КФОР, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер, соопшти синоќа американската амбасада во Приштина.

Според нив, американската влада е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани дејствија што вчера ги презеде косовската влада против филијалите на српската пошта на северот на Косово.

Тие ја повикаа Приштина да ги прекине сите натамошни еднострани дејствија и, како што рекоа, да се врати на конструктивен ангажман во дијалогот со поддршка на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија.

Тоа е втора реакција на меѓународната заедница во врска со таа акција, а по претходното соопштение на ЕУ. Во соопштението од Брисел се наведува дека ЕУ е подготвена да го вклучи ова прашање на дневен ред на следниот состанок во рамките на Дијалогот и оти очекува страните да развијат конструктивни идеи кои би можеле да послужат како основа за решение.

Тие ја повикаа косовската влада да ја преиспита својата одлука, наведувајќи и дека затворањето на филијалите на Пошта на Србија е унилатерален и некоординиран потег, како и кршење на договорот за телекомуникациите, бидејќи страните уште во 2015 година се договориле дека за поштенските услуги би се разговарало во „подоцнежна фаза“.

Припадници на косовската полиција вчера попладне влегоа во сите 9 објекти на Српската пошта на северот на Косово врз основа на барање на Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП).

Затворени се три пошти во Косовска Митровица, две во општина Звечан, една во Зубин Поток и три во општина Лепосавиќ.

-Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод апсењето на Србите на Косово и денешниот упад во просториите на „Пошта Србија“ изјави дека однесувањето на Курти е обид да предизвика воен конфликт организиран и со поддршка на одредени западни сили, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ние не сакаме војна, сакаме да го зачуваме мирот, но тој тоа го прави намерно, организирано и со поддршка на одредени западни сили. Соопштението на Надворешната служба на европската агенција е срамно и безобразно затоа што во тоа соопштенеи тие не повикуваат да разговараме повторно за едностраните потези на Курти, кои се инаку незаконски, истакна српскиот претседател во ноќешното обраќање до јавноста при обиколака на изградбата на Детската болница „Тиршова 2“ .

Тој додаде дека „каква и да глупост направи Курти тие не повикуваа да разговараме за тоа што тој брутално го прекршил“.

Вучиќ потсети дека од 2015 година постои договор за телекомуникациите „Пошта Србија“ и посочи дека овој договор е брутално прекршен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВучиќКосовоКуртиПриштина
Next Post

Дуплантис по освоеното злато ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Дикеч

НАЈНОВО

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум НАИ во шест, а ДПТ во една

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk