ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кабинетот на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром

August 6, 2024 15:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи, соопшти дека е „за жалење“ начинот на кој беше разрешен инцидентот на скопскиот аеродром на вчерашната прес-конференција на двајцата премиери, бидејќи, како што оценува „уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово“.

Она што се случи на аеродромот во Скопје, според кабинетот на Османи е „јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот“ и посочува дека очекува да биде известено за преземените мерки.

-Иако го цениме изразот на жалење од страна на премиерот на Северна Македонија, за жал, досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота поврзани со кршењето на меѓународното обичајно право во однос на Република Косово, но напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба, бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на косовската претседателка.

Во соопштението објавено на Фејсбук профилот на косовската претседателка, се вели дека „Претседателката на Република Косово никогаш не побарала да се пречекоруваат или прекршуваат процедурите, туку да се почитуваат меѓународните правила, како што тоа се прави во целиот свет“ и се наведуваат повеќето земји што таа ги посетила во нејзиниот мандат.

-Според Уставот на Косово, претседателката на државата ја претставува државата внатрешно и надворешно. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во огромното мнозинство од горенаведените земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, а камоли телефонот да биде полн. Потребно е скенирање на телото, бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – со тоа и државата – како потенцијален ризик за тероризам. Во секоја земја во која патуваме, не е претседателот тој што бара таков третман. Овој третман автоматски го обезбедуваат земјите домаќини врз основа на известувањето од нашите амбасади за патувањето на претседателот и врз основа на обичајното меѓународно право (обврзувачки за сите земји), се наведува во соопштението од кабинетот на Османи.

Османи, се вели со соопштението, бара почитување на државата што ја претставува, односно Република Косово и ќе продолжи да го прави тоа одлучно во согласност со меѓународните правила и принципи кои ги регулираат односите меѓу државите.

Standard security procedures apply to everyone using commercial flights, including myself as the Prime Minister. We regret the recent incident that occurred on August 2. The President of Koso

Премиерите на двете земји Христијан Мицкоски и Албин Курти, по вчерашната средба во Скопје, порачаа дека инцидентот на скопскиот аеродром, поврзан со косовската претседателка Вјоса Османи нема да ги наруши дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Косово. Косовскиот премиер Курти, изрази очекување дека официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 1 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за, како што нагласи „да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации“. Мицкоски, пак, изрази уверување дека додека е тој премиер „не постојат луѓе кои што ќе бидат над законот“, и ако се утврди пречекорување во своите надлежности лицето ќе биде изведено пред правдата. Во меѓувреме, од МВР информираа дека е поднесена кривична пријава и отстранување од работното место за полицискиот службеник – началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание.

На 1 август во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

Од кабинетот на Османи по настанот објавија дека обезбедувањето на Скопскиот аеродром се обидело да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, што според нив  е однесување „спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи“.

Операторот на скопскиот меѓународен аеродром ТАВ Македонија, пак, категорично ги отфрли наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка. -Телефонот и беше побаран со цел да се подложи на задолжителен безбедносен скрининг преку уредот за рентген. Согласно Документот 30 (Doc.30) на ECAC и Националната програма за безбедност на цивилното воздухопловство, сите патници, кабински багаж и нивните лични предмети со кои патуваат на комерцијален лет, како во овој пример, се предмет на безбедносен преглед. Доколку не сме усогласени со овие правила, пилотот на летот ќе го одбие влегувањето во авион на патникот, посочија тогаш од ТАВ Македонија.

Tags: Аеродром СкопјеинцидентОсмани
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Путин ги повика Русинките да имаат осум или повеќе деца како нова општествена норма, која може да прерасне во закон

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk