ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ФОТО/ВИДЕО) Во руското ракетирање на супермаркет во Костијантинивка загинаа 11 цивили, а 37 се повредени

August 9, 2024 15:44
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Телеграм

Фото: Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

На 898 ден од целосната руска воена агресија врз Украина, во неможност да ги оствари зацртаните цели на бојното поле, и особено по навлегување и брзото напредување на украинските сили на руска територија, Русија на 9 август изврши ракетен напад на супермаркет во градот Костијантинивка во Донецката област, при што загинаа најмалку 11 лица, а повредени се најмалку 37 други, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина.

Најпрвин гувернерот на Доњецката област Вадим Филашкин изјави дека градот бил под артилериски напад, но подоцна изјавил дека бил погоден од руски проектил Кх-38, пренесува Кијив индипендент.

Локалниот медиум Новости Донбаса ја сподели снимката од запалената зграда на супермаркетот „Екомаркет“ и разурнатата околина.

Оштетен е и товарниот оддел на Нова Пошта, најголемата поштенска услуга во Украина, кој се наоѓал во насочениот трговски центар, соопшти компанијата.

Еден од вработените се здобил со потрес на мозокот и му е укажана лекарска помош. Нова Пошта вети обештетување за уништените пакети, додавајќи дека не се уништени сите парцели.

Последиците од рускиот напад врз супермаркет во градот Костијантинивка во Доњецката област на 9 август 2024 година. (Вадим Филашкин/Телеграма)

Филашкин рече дека според прелиминарните информации во рускиот напад биле оштетени и четири куќи, девет продавници, перална за автомобили и 12 автомобили.

Се утврдуваат целосните последици од нападот.

„Нападот врз супермаркетот во Костијантинивка е уште еден случај на руски терор. Војната против цивилите е се што можат да направат“, рече на Телеграм шефот на претседателската канцеларија Андриј Јермак.

Операциите за пребарување и спасување се во тек. Некои луѓе остануваат заробени под урнатините, рече Зеленски.

„Русија ќе биде одговорна за овој терор“, напиша претседателот на својот канал Телеграм при што објави видео со последиците од рускиот напад врз супермаркет во Костијантинивка.

Костиантивка, како и другите населени места во Доњецката област, е под редовни напади на руските сили.

Во друг руски напад на локалниот пазар во Костинатинивка во септември 2023 година загинаа 17 лица, а над 30 беа повредени.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: ракетиран супермаркетруски ракетен терор врз Украинацивилни жртви
Next Post

Донација на хуманитарното друштво „Letzcare“ и иселеникот Алили за здравствени установи во државава

Најново

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

April 25, 2026
Фото илустрација: СКРМ

СКРМ повикува на протест на 28 април: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk