ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На сите им треба дестабилизацијата како изговор, а Албанците како боксерска вреќа

На земјата навистина ѝ претстои дестабилизација, но нема да ја предизвика ДУИ или поточно – нема да ја предизвика само ДУИ.

August 9, 2024 12:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 

(превод од оригиналот објавен во CIVIL.TODAY на 8 август)

Пропагандните наративи во голема мера се потпираат на алузии, симболи и кодиран јазик, а им недостасува каква било фактичка содржина. Дури и кога се содржат факти, тие се толку искривени што повеќе не служат како вистина, туку како алатки за дезинформација. Фактите се извртуваат за да одговараат на пропагандата, при што се замаглува границата меѓу реалноста и фикцијата. Конструкциите треба да ја „потсетат“ таргетираната публика на состојби и настани од сегашноста и минатото, а со тоа да ги поттикнуваат и влошуваат меѓуетничките и политичките тензии.

Дестабилизацијата станува еден од клучните зборови со кои се опишува македонската реалност и прогнозите за развој на ситуацијата.

Владејчката ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ги одржува своите долгогодишни националистички наративи, често невешто затскриени зад неуморните напади кон ДУИ. Тие напади се засилуваат за време на изборните кампањи и останаа главен наратив по формирањето на владата на Мицкоски. Од друга страна, на ДУИ главен таргет им беа и останаа „вазалите“ од коалицијата ВЛЕН. Интересно, се чини дека ДУИ своите контранапади кон ВМРО ги насочува повеќе кон ВЛЕН, отколку врз ВМРО. Веројатно се надеваат дека ќе се најдат во ситуација слична на 2008 година кога непомирливиот противник на ДУИ, Никола Груевски, сепак, ги прибра нив во владина коалиција по предвремените парламентарни избори, а потоа среќно владееја речиси една деценија. И СДСМ, или барем тоа што остана од партијата, одбира да кокетира со националистичките наративи и најчесто го таргетира ВЛЕН, откако претходно целосно се оддалечи од ДУИ. Не мора посебно да се нагласува дека десничарските партии ЗНАМ и Левица се натпреваруваат во тоа што најдобро (единствено) го знаат – национализам. ВЛЕН е нова шаренолика коалиција која допрва треба да создава политички капитал како коалиција, но тешко им оди. Бавно формираат заеднички ставови и, барем засега, не се снаоѓаат во ситуацијата, така што и нема многу простор за прецизна оценка на нивната ориентација и капацитети.

Уште пред изборите, Мицкоски зборува за некаков соработник на Али Ахмети што наводно уживал во луксузен хотел во Истанбул, па од хотелскиот луксуз контролирал некоја наводна вооружена група што се движела низ Бутел и Чаир. Неговиот пријател, адвокат и министер за внатрешни работи, Панче Тошковски целосно ја поддржува приказната на Мицкоски и уверува дека заканата постои, но дека граѓаните не треба да бидат загрижени. Тоа му доаѓа отприлика како „куќата навистина ни гори, но не треба да се плашите, ние сме тука, ќе го гасиме пожарот“.

Овие и слични тврдења, поткрепени со нула факти и докази, беа искажани и во изјавата на премиерот Мицкоски на заедничката прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти. Остана непознато дали и колку во ова сценарио учествува и самиот Курти или заминал со кнедла во грлото. (линк до прес конференцијата)

Едно е јасно, сите заедно користат националистички наративи и пораки, кој помалку, кој повеќе, некогаш прикриено зад кодираниот говор, а најчесто сосема отворено. Национализмот останува најевтината инвестиција со највисок и најбрз политички профит.

Што е поентата?

Мицкоски со месеци тврди дека ДУИ се подготвува да ја дестабилизира државата. И тука се впушта во криптични изјави со „аха, те фатив“ стории што со месеци во континуитет ги зачинува со „убедливи детали“ за кои не изнесува никакви докази, а уште помалку се занимава со тоа на институционално ниво. Кога премиерот и министерот за внатрешни работи ви тврдат дека постои заговор за безбедносна дестабилизација на државата, очекувате институционална реакција, а не ширење страв од говорница и пред камери.

На земјата навистина ѝ претстои дестабилизација. Но нема да ја предизвика ДУИ или поточно – нема да ја предизвика само ДУИ – затоа што нема таков капацитет, а уште помалку интерес за тоа. Националистичките наративи на сите актери на политичката сцена, сосе статистите, каскадерите и опортунистите – ќе доведат до тензии, можеби и до безбедносна криза со етнички карактер. Вооружени со национализам, сите заедно, но првенствено Мицкоски и неговата екипа, ќе ги вложат сите пропагандни капацитети да ја избегнат одговорноста за неуспехот на политички, економски и социјален план, а најмногу за неуспехот да продолжат со евроинтеграциите. Сево ова може многу кратко да се сведе на заклучок во една реченица: На сите им треба дестабилизацијата како изговор, а Албанците како боксерска вреќа.


Превод од оригиналот на англиски: Everyone Needs Destabilization as an Excuse, and Albanians as a Punching Bag / CIVIL TODAY

Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани | ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дестабилизацијамеѓуетнички односинационализам

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk