ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Нема да има учебници, децата странски јазик учат од серии, истакна Јаневска; ДПМНЕ ќе го уништи образованието вели Николова

August 9, 2024 13:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два месеци откако ја преземаа власта, потврдија дека образованието за нив воопшто нема да биде приоритет. Министеката Јаневска, вчера во скандалозна изјава рече дека учебници по странски јазик нема да има, но тоа не е проблем затоа што учениците учеле од серии. Тажно е што ДПМНЕ постави министерка за образование, која внимавајте, смета дека било важно децата само да разбираат странски јазик, а не да учат граматика, заменки и именки.

Ова на прес-конференција го истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, реагираќи на изјавата од министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече – нема да има учебници за странски јазици, децата го учат странскиот јазик и од сериите, нема потреба да учат граматика, именки, заменки на тој јазик.

Николова нагласи дека покрај оваа крајно скандалозна и комична изјава во исто време, Јаневска потврди дека статусот на просветните работници за ДПМНЕ не е важен. „Потврди дека примањата и платите на образовните работници нема да се покачуваат како што тоа беше во времето на СДСМ. Ако биде се добро со растот на економијата, тие може да се надеваат на покачување дури во март. Ова се политиките кои го уништија образованието и го срозија достоинството на наставниците, а сега ДПМНЕ ги враќа на голема врата“, рече Николова.

„Потврда за тоа дека ДПМНЕ нема намера да го унапредува образованието, е ребалансот на буџетот кој јасно ги истакнува приоритетите на Владата, односно јасно потврдува дека образованието не е приоритет. Се кратат средства во програмата за инвестиции во образованието, како и во програмите за проекти во основно и средно образование. Ова значи дека ДПМНЕ крати од програмите кои значат подобра ифраструктура, од проекти за поддршка за ранливите групи на дечиња и крати од програми кои обезбедуваат професионален развој и напредување во кариерата на наставниците. Во пракса, ова ќе донесе целосен застој во развојот на образованието. Ако ја погледнеме програмата на Владата предводена од ДПМНЕ во делот за образованието, ќе видиме дека таа се обврзала на: Раст на платите на наставниците како и сеопфатно подобрување на образовната инфраструктура. Очигледно е дека од тоа нема да има ништо. Уште една голема предизборна лага на ДПМНЕ“, истакна Николова.

Министерката Јаневска вели – нема да има учебници за странски јазици, децата го учат странскиот јазик и од сериите, нема потреба да учат граматика, именки, заменки на тој јазик  

Министерската за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека од прво во деветто одделение за престојната училишна година учебници ќе има за сите одделенија, освен за странските јазици. Додаде дека во моментов се печатат стотици илјади учебници, дел од нив се дистрибуирани, а за дел ќе почне диструбицијата, откако ќе излезат во печат и нагласи оти од следната година ќе има и учебници за странски јазик.

– Учебници ќе има за сите одделенија. Нагласувам како и многу години наназад, за жал, не по моја вина, затоа што постапката е сѐ уште во одредени процедури, нема да има учебници за странски јазици. Но, учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен, значи хартиен материјал за јазиците на заедниците, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на Бирото за образование, а бидејќи станува збор за јазик, наставниците користејќи ги тие материјали, ќе можат да им предаваат на учениците. Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик – именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа, додаде Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за време на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.

J. Ѓ.

Tags: ЈаневскаНиколоваобразованиеучебници
Next Post
Фото: Х

Амбасадорката Дир: Домородните народи на Украина, кои се формирале на територијата на Кримскиот полуостров се – Кримските Татари, Караимите и Кримчаците

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk