ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Коалиција ВЛЕН потврди дека Афрона Вервизоли нема сертификат за ревизор, велат „пред неколку дена е повлечено именувањето“

August 10, 2024 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата ВЛЕН попладнево соопшти дека уште пред неколку дена го повлекле именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако, како што наведуваат од коалицијата, таа има одлично CV и значително професионално искуство, донесена е одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нивните редови.

– Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот, се наведува во соопштението.

Дополнително, од ВЛЕН сметаат дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.

Коалицијата ВЛЕН, како што се наведува, останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови.

-Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби, се наведува во соопштението од коалицијата.

Претходно денеска од Владата брифираа дека „назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите“.

– Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, брифираат од Владата, пренесе МИА.

Ова следуваше откако медиуми и политички партии денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизор.

Од СДСМ велат „неверојатно е на што е спремна Владата на Мицкоски да постави неквалификувани кадри. Мицкоски е решен по секоја цена да си постави блиски луѓе па откако ќе сфати дека не поминуваат во јавноста, ги повлекува“.

„Благодарение на притисокот на СДСМ и јавноста, уште еден таков кадар Афрона Вервизоли, ќе биде повлечен. Но, очигледно Мицкоски нема да се откаже од овој начин на именување кадри.  За него и ВМРО-ДПМНЕ број еден приоиртет е послушноста и партиската припадност, а квалификациите изгледа се на последно место. Токму оваа политика ги обесхрабрува граѓаните и професионалците кои ја губат довербата во институциите и бараат работа надвор од државата. Не е ни чудно што Владата е катастрофа, со ваква кадровска политика не може повеќе да се очекува. ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека институциите се место за вдомување на партиски кадри. Тие никогаш не научија дека пред се тие луѓе треба да им служат на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Владата ја назначи, па по реакциите ја разрешува Афрона Вервизоли од местото главна ревизорка за европските фондови

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Афрона ВервизолиВладаВЛЕНревизор
Next Post

СДСМ: Да се донесе новиот Закон за градење и стопира постапката за измена на членови од Законот за урбанистичко планирање

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk